ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Официјални резултати, Македонците во пораст, Албанците иселени

Македонија

МКДенес споделува ВОНРЕДНИ ВЕСТИ за официјалните резултати на Пописот 2021 година, добиени од извори во Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на резидентни жители во Македонија изнесува помеѓу 1.830.000 и 1.850.000 луѓе. Од нив, помеѓу 63-64% се Македонци, додека пак 23-24% Албанци, а поради бојкотот 7% се неизјаснети. 

Од извори од Статистика дознаваме дека од тие 7% неизјаснети граѓани, дури 70% од нив се Македонци, а само 17% Албанци. 

Но поради Левица и Апасиев и сличните на него т.н. патриоти, наместо денес Македонците да бидат 65-66%, а Албанците 22-23% во Македонија, сега Македонците ќе бидат за неколку проценти помалку, а Албанците за еден или два проценти повеќе.

Да потсетиме дека во 2002 година, Македонци беа 64,1%, а Албанци 25,2%. Да не имаше лудаци во политиката како Апасиев и такви како него, Македонците официјално се зголемени на 66%, а Албанците намалени на 22% од резидентното население кое живее во Македонија.

Дознаваме дека во моментов ДУИ врши насилство врз Државната пописна комисија со барање во вкупно население да се внесе и албанската дијаспора, со цел да амортизираат вистината за огромното иселување на Албанците од земјава. Со ова пропаѓаат сите тврдења дека Албанците ќе бидат 35-40% од населението, а Македонците под 50%.

Сеуште е неизвесно дали лесните продавачи на национални интереси од СДСМ ќе потклекнат под притисокот од ДУИ и ќе дозволат да се вметне и дијаспората. Поради бојкотот на лажните патриоти, во дијаспората не се попишаа половина милион Македонци, а сега доколку ДУИ успее во барањето, ќе мораше да се вметнат и тие Македонци.

Вака сите притисоци за дијаспората, одат во прилог на Албанците, бидејќи Македонците не знаат да препознаат национален интерес и одат по умот на бумбари како Апасиев и слични на него.