ШВАЛЕРКАТА НА ПУТИН, каде патриотски се сокри со децата?

Европа

Љубовницата гимнастичарка на Владимир Путин, позната по нискиот морал како жена, стана предмет на потрага за местото каде се крие со нивните четири мали деца, после војната која ја предизвика нејзиниот швалер. Едни информации кажуваат дека е сокриена во приватна вила во Швајцарија, а други дека се најдува во подземен град на Урал.

Алина Кабаева која има половина од годините на Путин, само 38 и која некогаш ја нарекуваа „најфлексибилната жена во Русија“, позната по својот женски неморал, наводно има четири деца со 69-годишниот руски претседател.

Се смета дека Путин има два сина и две седумгодишни ќерки близначки со оваа гимнастичарка. Децата, наводно, имаат швајцарски пасоши. Тоа од причини што Путин многу ја почитува Русија, па децата имаат швајцарско државјанство и растат во Европа, а не во неговата потатарена и криминална Русија.

„Додека Путин го извршува својот напад врз Украина, напаѓајќи невини граѓани и предизвикувајќи бегалска криза, неговото семејство е изолорано во многу приватна и многу безбедна вила некаде во Швајцарија“, изјави извор за Page Six.

Од руски извори, веројатно лиферувани од самиот Владимир Путин, кој сака да ја сокрие срамната вистина дека семејството му е во Европа, додека тој наводно војува со истата таа фашистичка Европа, информираат дека ги сокрил членовите на своето семејство во подземен град во Сибир. Тоа го изјави руски професор, цитиран од западните медиуми.

Политикологот Валери Соловеј открива дека се работи за луксузен бункер на планините Алтај, кој изгледа како подземен град и е дизајниран за нуклеарна војна. Тој не прецизираше за кои луѓе од потесното опкружување на рускиот лидер станува збор, но најверојатно мислеше на поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, за која се шпекулира дека е негова швалерка партнерка.

Таа наводно избегала за Швајцарија кога руската војна со Украина влезе во својот десетти ден. Со цел да се сокрие тој срам, Путин информира дека швалерката ја засолнил во бункер на Сибир.

Сите во Русија знаат дека таа располага со флота од лимузини Мајбах, и дека била опкружена со одред митралези кои ја чувале при посетата на едно московско кафуле. Позната по расипнички живот, таа стана модел на неморалот на руската жена, која ги напушти сите семјни традиционални вредности, додека Путин на светот му продава магла за морал и вера.

Кабаева е една од најодликуваните гимнастичари во историјата на ритмичката гимнастика, со 2 олимписки медали, 14 медали од Светското првенство и 25 медали на Европското првенство. Многу Руси ја сметаа за причина за распадот на бракот на Путин со поранешната прва дама Људмила (62), мајка на неговите две возрасни ќерки, кои исто живеат во Монте Карло и во Амстердам во Европа. Ниту едно дете на Путин не расте во Русија и не ја дели судбината со кутрите руски сиромашни деца.

Претседателот на соседна Белорусија, Александар Лукашенко навести дека одлуката за развод на Путин дошла затоа што Кабаева „вршела притисок врз претседателот“. Големиот Путин, преде како маче пред Кабаева. Не смее да и писне. Мораше да се разведе од сопругата, зашто така му наложи швалерката.

Некогаш се сметаше за најнеподобна жена во Русија, позната по нејзиниот слободен дух, а пред да го запознае Путин, Кабаева беше швалерка на оженет грузиски полицаец.

Оваа врска со полицаецот згасна во 2005 година, поради поплаките за упад на таблоидите во животот на спортистката. Потоа таа, откако сите дознаа за нејзинот морал, стана миленичката на Путин.

Со цел да се замачкаат очите на руските граѓани, дезинформацијата дека таа е сокриена на Урал е преполнета со глупави информации за тоа колку е јак бункерот на Путин. Наводно избегала поради опасноста од нуклеарна војна, а што да прават обичните московјани, чиј град ќе биде прв погоден во тајов случај?

Во изјавата на наводниот професот изобилуваат глупости за експертите кои ги именуваа најсилните оружја на Русија. Таков бил на пример, тенкот „2C7 Peony“ или „Small“, кој се користел во битките кај Киев. Се верува дека со еден истрел може целосно да ги уништи зградите наменети за засолништа. Обично се користи за напади на командни пунктови на непријателот. Може да истрела и нуклеарна муниција, пишува „24 часа“.

Но никој не разбира што има врска приказнава за супер теков со швалерката на Путин. Ова е школски пример за спинување на информации, кои поминуваат уште во затуцано руско општество.

Потоа професорот објаснува дека многу било опасно од нуклеарна војна и дека Русија имала друг топ крстосувачки ракети Калибар со кои Русија го бомбардира градот Одеса. Тие тежеле над два тона и имале домет до 2400 km. Во телото на ракетата можело да се додаде експлозив или хидрогенска бомба. Видеата на Интернет покажувале како таков проектил целосно уништува складиште во Одеса.

Но наводниот професор не им објасна на новинарите зошто само швалерката на Путин има привилегија да се сокрива во луксузниот бункер на Урал?

Во обид да оправда бегството на семејството на Путин од Русија, наводниот опозициски професор на Русите им појасни и за оружјето кое Путин го смислил, „ТОС-1 Буратино“ тежок пламенофрлачки систем кој истрелувал два типа ракети. Некои цицаат кислород околу нив за да предизвикаат експлозија. Ова било едно од најопасните оружја што ги има Русија бидејќи ги убива сите во зоната на експлозија од 300 метри, па Русите да не се грижеле за себе, Путин ќе ги спасел, иако неговото семејство е во егзил.

Клетите фашисти, жртви на супер путиновото оружје можеби ќе немале никакви надворешни повреди, но нивните органи ќе биле сериозно оштетени. Битно швалерката на Путин ќе остане неоштетена во Швајцарија.

Вториот тип на проектили што ги лансирал Пинокио ​​бил запаливи. Другите нуклеарни оружја со кои располага Русија вклучувале нуклеарни боеви глави кои можат да се постават на проектили, што за Рурите било многу важно, а Кабаева ќе остане незапалена на Алпите.

Толку ниско ниво на одговорност кон својата земја и вакво потценување на сопствен народ до сега не е забележано во светска историја. Па ниту Хитлер и Сталин немаа ваков однос кон своите поданици.