КИРО ГЛИГОРОВ открива кој ја распадна ЈУГОСЛАВИЈА

Балкан

Во едно од своите интервјуа, Киро Глигоров, поранешен висок функционер на СФРЈ и прв претседател на самостојна и независна Република Македонија раскажува за планот на Европската унија, кој на претседателите на републиките им бил понуден на крајот на 1990 година.

„Најавија дека ќе дојде тројката – претходниот претседавач, сегашниот претседавач и следниот претседавач. Во тоа време, претседавач беше луксембуршкиот министер за надворешни работи. Тој е дојде со Ван дер Брук и Жак Делор. Кога се наредивме сите заедно, тоа е големо друштво кога седнуваш на маса…

Тие беа на едната страна од масата со неколку експерти, а ние од другата. Тоа беше на крајот на 1990 година“, ја започнал својата приказна Глигоров.

Тој рекол дека Жак Делор ја презентирал понудата на ЕУ за СФРЈ, доколку се задржи таа унија.

„Унијата е подготвена да го признае придружното членство на Југославија во ЕУ со политичка одлука. Знаете што значи тоа и какви привилегии ќе имате.

„Добив наредба да подготвам програма од 5,5 милијарди долари како инјекција за успешно продолжување на програмата на Анте Марковиќ“, изложил Делор.

Глигоров рекол дека тоа било многу поволен аранжман. „Ние ќе бидеме првата земја што ќе добие статус на придружна членка од сите оние земји кои станаа придружни членки во 1992 година, како што се Романија и Бугарија.

„Ве молам, господа, кажете ни што имате за овој план“, рекол Делор. Настапила тишина од неколку минути. Прв одговорил Фрањо Туѓман.

„Знаете што, господа, морам да ви кажам нешто искрено. Јас за никакви милијарди, не можам да се откажам од идејата што го храни целиот хрватски народ за да можеме да ја обновиме хрватската држава по многу години. Тоа за мене е примарно“, изјавил Туѓман.

Настана повторно тишина, а потоа се јавил Милошевиќ.

„Јас повторувам многу пати, и сакам овде пред вас да кажам дека сум за силна федерација или модерна федерација или ништо. Секој нека оди на своја страна“, рекол Милошевиќ.

По новата пауза се јавил Изетбеговиќ.

„Тешко ни е без Белград и без Загреб. Ние сме три народи во Босна и тоа не може да биде лесно. Отсекогаш сме биле посебен ентитет и би сакале да останеме, но да најдеме решение како да соработуваме со Белград и Загреб“, рекол Изетбеговиќ.

Глигоров рекол дека останатите главно не дискутирале.

„Потоа имаше пауза од еден час. Таму во таа пауза беше донесена одлука тројката на ЕУ да има разговори со секој претседател поединечно. Тоа траеше многу долго време. Кога тоа заврши, сите повторно се собравме и претставниците на ЕУ рекоа дека нема договор“, раскажал Глигоров.

А потоа претставниците на ЕУ им се обратија на сите присутни:

„Жалиме што ќе треба да и пренесеме на Унијата дека нема договор за овие предлози што ги дадовме. И ќе видиме што ќе се случи понатаму“.

Останува добро познато што се случувало потоа.