МЕГА СКАНДАЛ: КОНЧИТА милионерката, 12 милиона евра во прашање?

СКОПЈЕ

Огромна афера ја тресе општина Карпош, особено советниците во Советот на таа општина. Станува збор за парцелата за изградба на бензиска станица во близина на хотелот Александар Палас.

Според информациите од советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општина Карпош, една компанија која веќе имала бензиска пумпа во оваа општина, ја тужи Општината Карпош за нанесена штета по основ на изгубена добивка, поради спреченост да изгради бензиска пупма на локација која ја купила на лицитација од истата општина.

Побарувањето на оштетата е во износ од 12 милиони евра, а локацијата била купена за 2.5 милиони евра. Судската одлука била пред донесување, а компанијата ќе добие толкава оштета само доколку биде спречена да гради на локацијата, пред судот да доенесе одлука.

За таа цел, во прилог на инвеститорот е општинскиот совет да не дозволи градба, за фирмата да лапне 12 милиони евра и да си ја „купи општината“, а потоа повторно ќе си изгради бензиска со парите од граѓаните.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ истото го констатирале и заедно со останати советници направиле обид да се спречи овој грабеж на општината, а на компанијата да и се даде право на градба. Но советничката група на Кончита Левичарска, вклучително и претседавачот на Советот од таа партија, силно инсистирале да не се дозволи градба, а општината да ги исплати тие 12 милиони евра на компанијата.

Кој е мотивот за ваквото инсистирање на Кончита и нејзините советници? Дали е договорена „солена награда“ за Кончита од страна на инвеститорот, доколку лапне цели 12 милиони евра оштета?

Бидејќи Советот се самосостанал без учество на бандите на Кончита, и не дозволиле да се исплати таа штета, веројатно Кончита оставена без наградата, започнала иницијатива на Уставен Суд да ја сруши одлуката на Советот, за сепак на крај да се лапнат тие 12 милиона евра!

За случајот е запознато ОЈО и МВР, отворена е истрага и во тек е постапка за утврдување на прилините за слиниот мотив кај Кончита да се исплатат овие народни пари на една компанија, без никаков основ.