БОМБА ВО БУГАРИЈА: Откриен е тројанскиот коњ на Москва во ЕУ

Балкан

Со години Бугарија игра внимателна двојна игра, обидувајќи се да балансира меѓу Истокот и Западот и да не ја разлутува Москва. Макар што инвазијата на Русија во Украина на 24 февруари ја обедини Европа, осудувајќи ја војната, конфликтот ги засили старите поделби во бугарската политика и општество, пишува онлајн изданието Politico.

Само ден по почетокот на војната, премиерот Кирил Петков го смени министерот за одбрана, кој конфликтот го опиша како „операција“, а не како „војна“, и предложи Бугарија да остане неутрална, макар што станала членка на НАТО, потсетува изданието. Иако Петков дојде на власт во декември, ветувајќи по-силна прозападна траекторија, тој сепак треба да управува со коалиција со Социјалистичката партија, која одбива да се санкционира Путин.

И ако тоа не се доволно проблеми, Бугарија е поплавена од проруска пропаганда, која ја префрла вината за инвазијата во Украина врз САД.

Односите помеѓу Русија и Бугарија имат длабоки корени, особено што двете држави споделуваат историски, религиозни и културни сличности. После падот на Железната завеса, много луѓе со врски кон старите тајни служби продолжија да бидеат дел од бугарското политичко статускво. Широко разпространетата корупција по високите нивоа на власта и олигархиските врзки со владата, дозволи на Москва дополнително да искористи од тие стари односи, пишува изданието.

Заради влијанието на Русија во Бугарија некои ја гледаат таа држава како Тројански коњ на Москва во ЕУ. „Нивото на руско влијание во Бугарија е огромно и ја прави државата доста зависна“, коментира програмскиот директор на Центарот за истражување на демократијата Руслан Стефанов. „Конфликтот ги изваде на површина тие стари поделби на фронтовата линија“, посочи тој.

Партиите од целиот политички спектар се склони да заобиколуваат теми, сврзани со Русија, и не прават ништо, кое може да го разгневи Кремељ.

Енергијата одамна се покажа како клучна точка за притисок од Русија, а Петков настојува новите санкции против Русија заради Украина, да и дадат право на Бугарија да биде изземена од ограничувањата да купува руски гас и нафта. Западни дипломати одамна се жалат дека руските енергетски гиганти како „Лукоил“ и „Газпром“ имаат огромно влијание во Бугарија и не дозволуваат вистинска диверзификација.

Софија на пример, беше обвинувана со години по ред, дека го забавува градењето на гасоводот од грчката граница, кој ќе дозволи Југоисточна Европа да се ослободи од зависноста од Русија и да внесе суровина преку Турција од Азербејџан, Блиски Исток и Централна Азија.

Црвени линии заради Црвениот плоштад

И покрај тоа што Петков јавно ја осуди војната, тој се стави во незгодна позиција спрема коалиционите партнери социјалистите, пишува Politico.

Внатрешните коалициони кавги избувнаа веднаш откако Путин ја започна инвазијата во Украина на 24 февруари. По часови дебати, социјалистите не поддржаа дел од декларацијата на Народното собрание, сврзана со санкциите. Единствената друга партија, која не ја потпиша декларацијата беше „Возраждане“ – крајнодесна партија и во моментов еден от нај-силните приврзаници на Кремељ, пишува изданието.

„Тоа кое го гледаме во моментов е наложено дирекно од Кремељ“, кажа Стефанов. „Русија се претвори во нерешлива црвена линија во владејачката коалиција“. Во 2016 г. ЦИД објави истражување наречено „Кремаљскиот нарачувач“, кој ја опиша суштината на руското влијание во земјата, оценувајќи дека поврзаните со Москва инвестиции формират над 20% од бруто домашниот производ на Бугарија.

Макар што нервозите во владеачката коалиција останаа високо, политичките аналитичари не очекуваат сериозни потреси во кабинетот на Петков.

„Не мислам дека социјалистите ќе стигнат до крајности“, изјави Димитар Бечев, предавач во Oxford School of Global and Area Studies. „Тие добро знаат дека на нови избори може дополнително да им падне поддршката за нив“, дополни тој.

Во петокот Бугарија заедно со Латвија, Литванија и Естонија протераа 20 руски дипломати. Во меѓувреме руската амбасада во Софија ја предупреди владата да не испраќа воена помош на Украина на увото на врзо влошување на односите помеѓу амбасадата и бугарските власти.

Прашањето за воената помош го стави Петков во шах мат, главната позиција на Бугарија е достава само на хуманитарна помош за Украина, но не и оружје за Киев. Сепак државниот секретар за одбрана на САД Лојд Остин разговараше во саботата со Петков за создавање на посебна мултинационална борбена група од 1000 војници на НАТО во Бугарија.

Претседателот Румен Радев, кој беше кандидат на социјалистите, јавно без срам посочи дека се придружува на ставот „да се држат главите долу“, кога станува збор за Русија. Но тој сепак нападот врз Украина го именуваше со зборот војна и брзо ја осуди.

Во последно време тој веќе се колеба, започна да менува реторика и избира кои зборови ги користи за украинската војна. Особено се држи до тоа какво влијание ќе имаат санкциите кон Русија врз Бугарија, дволичен говор често повторуван од социјалистите.

„Радев е добар барометар за општествените движења“, изјави Бечев. „Тој успева да најде средина, изразувајќи критики, но без да се спротивстави на проруските поддржувачи“, дополнува тој.

Петков силно ја осуди инвазијата на Русија, но сепак треба да направи известни отстапки пред коалиционите партнери. Бугарија брзо го затвори небото за руски авиони, не се колеба да прифати војници на НАТО на своја територија, како другите источно европски земји. Софија му понуди на Киев хуманитарна помош, но не и оружје.

Губење на волјата

Расположението предизвикано од војната, некои прогресивни и прозападни активисти ги насочи кон барања да се тргнат спомениците од времето на комунизмот, поврзани со Русија.

Многумина побараа и тргање на споменикот на Советската армија во срцето на Софија. Некои истакнати фигури дури протестираа против славењето на 3ти март како национален празник и предложја замена со друга важна дата од бугарската историја.

„Утврдувањето на 3ти март како национален празник е срам за нашата национална идентичност“, изјави Ивајло Дичев, бугарски културен антрополог, во отворено писмо до Владата.

Многу бугари сепак ја прифаќаат Русија благонаклоното. Бугарија е државата дека Москва има највисок рејтинг на одобрување – 73%, според проучување на Pew Research од 2019 г. Бечев објаснува дека „обичните бугари, кои ја поддржуваат ЕУ, возат Volkswagen, но имат благопријатна позиција кон Русија“.

Во социјалните медиуми поделбите се длабоки, а емоциите пресилни. Прво со сликите на профилите, означени со сино-жолто знаме на Украина, потоа има многу руски тролови, кои го поткрепуваат Путин и ги поткрепуваат главните ставови на Кремељ за војната, како што е терминот „специјална воена операција“, или разни конспиративни теории, дека конфликтот бил предизвикан од САД или дека Вашингтон помагал на Киев да создава биолошки оружја и сл.

Бугарија од години е плодна почва за тестирање на руската пропаганда и конспиративни теории.

„Го испитуваме влијанието на руската пропаганда долго време. За тоа има стабилна база, каде конспиративните теории за војната сега процветаа“, кажува Стефанов. „Нај-лош дел е што много Бугари прифаќаат дезинформации, без да си постават прашање“, посочува тој.

Покрај тоа, експертите прогнозираат, дека војната на Кремељ во Украина може да ги принуди умерените проруски приврзаници да си го сменат мислењето. Новото проучување на социолошката агенција „Алфа Рисрч“ покажа дека само 4 дена откако Русија ја нападна Украина, поддршката за Путин паднала на 32% наспроти 55% во јули 2021 г.

Управувачкиот партнер на агенцијата Борјана Димитрова изјавува дека популарноста на Путин во Буарија прими сериозен удар.

„Бугарите го перцепираа Путин како смел, силен, решителен лидер, кој е подготвен да го предизвика Западот и САД како светска сила“, изјавува Димитрова. „Но инвазијата кон Украина стана директен напад против Европа и мнозина ја сметаа за заплашување кон Бугарија“, посочува таа.