(Видеа) БРУКА ЗА ПУТИН, спречена РУСКАТА ОФАНЗИВА врз Киев

Европа

Во текот на вчерашниот ден, руските окупаторски војски направиле нов обид за заземање на подобри позиции околу главниот град на Украина, Киев за подобро да го бомбардираат и нападнат за целосно заземање.

Од страна на руските офицери е покажан целосен аматеризам, изложувајќи ги руските единици во конвој дирекно под украински артилериски оган.

 

Треба да си целосен аналфабет да дозволиш твоите единици да транзитираат низ зона на дофат на непријателската артилерија.

 

Резултатот од таквиот „напредок“ на руските трупи кон освојување на Киев го покажува следнава снимка:

 

Ударите на украинските артилериски орудија не застануваат тука. Лошите руски маневри им овозможуваат движење и заземање на подобри позиции, со цел гаѓање на нови цели од логистички карактер на руската армија.

 

Ова се резултатите од успешните маневри на украинската артилерија:

 

Руската армија претрпува огромни загуби во воена техника и вооружување, но пред се во човечки жртви.

 

Тоа преку слики покажано, изгледа потрагично од ова кое го прикажуваат снимките.

Насекаде мртви тела и уништена опрема.

Станува збор за уништени километарски колони од воена техника и тенкови на руската армија.

Украина која возврати со ракети, користи и самоодни хаубици 203-мм САУ “Пион”, кои имаат дострел до 47,5 километри, а руската армија ја прават салата.

 

После нивното дејствување, тие за краток период менуваат позиција и на тој начин не може да бидат уништени од руската авијација.

 

Ова се страшни загуби за Русија, погледнете само колку тенкови и транспортери се уништени на само еден дел од колоната:

 

Последиците се трајни, русија тешко ќе се подготви за нова офанзива на Киев следните месеци.

Доколку започнат вистински мировни преговори, Киев ќе остане недостижна цел на лажната супер сила Русија.