ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: Конечно решение за главоболка

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ

Многумина мислат дека „пролетниот замор“ е вообичаена заблуда, а експертот истакнува дека тој навистина постои и открива како да се ослободите од него.

Европските истражувања покажуваат дека 50% од жителите на стариот континент страдаат од „пролетен замор“. Во Србија е забележано дека секој петти реагира на промената на времето, а многумина мислат дека пролетниот замор е едноставен мит.

Но, оваа заблуда ја разби примариусот д-р Петар Боровиќ во емисијата „Уранак“ на телевизијата К1. По тој повод откри дали пролетниот замор е навистина болест, како времето влијае на нашиот организам, но и дека постои лек кој е многу едноставен.

„Пролетниот замор постои и не е мит, но факт е дека луѓето се сè почувствителни. Четири милијарди луѓе денес живеат во градови кои се преполни и немаат чист воздух. Позитивните јони одат 300 километри пред бура и поради тоа имаме проблеми – главоболки, слабост, малаксаност, а кога бурата „пукнува“ чувствуваме олеснување“, рече д-р Боровиќ и објасни:

Доаѓа до прочистување на воздухот. Негативните јони се добри и најчесто се формираат наутро. И затоа ние постарите велиме: „кој рано рани, две среќи граби“, земајте витамин Ц, а витаминот Б ни треба да не бидеме напнати.

На жените им треба одмор пред се затоа што мора да стигнат се’. Сакаат да ја задржат линијата, не јадат доволно… Одморете се добро еден ден во неделата со добра книга, гушкајте и спијте – рече докторот.

Освен тоа, исхраната влијае и на чувството на замор.

“Јадете пченични никулци, додајте ја тиквата во исхраната. Поради таквата диета дамите ќе имаат бујна коса и убава кожа. Вежбајте и почнувајте го денот со вода. Податоците покажуваат дека дури 80% од луѓето не пијат доволно вода.

Или започнете го денот со лимонада, тоа е идеално. Кафето е диуретик, ни треба вода. Ни требаат најмалку пет до шест чаши вода дневно“, објасни д-р Боровиќ.

Побарајте негативни јони во природата, советува д-р Петар Боровиќ.

„Шетајте. Ни треба чист воздух, бидејќи градовите се загадени. Чистиот воздух го зајакнува имунитетот. Како ликопенот од доматите или суплементите со ликопен. Нè штитат од рак и испуштаат два атоми кислород. Брокулата е исто одлична – вели д-р Боровиќ.

Како што вели тој, треба да се заморуваме секој ден.

“Оние кои потонале во зимски сон страдаат од пролетен замор. Секој ден треба да се заморувате. Животот е убав, правете нешто убаво секој ден. Бидете активни, јадете помалку. Ја знаете изреката: “третина од храната што ја јаде пациентот служи за одржување на неговото тело, а две третини за одржување на лекарите“. Јадеме премногу. Податоците покажуваат дека 72% од населението во Србија не јаде доволно овошје.

Не плашете се од пестициди.Најголема концентрација на пестициди има околу стеблото и семињата. Овошјето потопете го во топла вода и посолете и оставете го во таа вода пет до шест минути. Измијте лист по лист, плод по плод. Јадете малини. Потребни ни се 400 грама овошје и 250 грама зеленчук дневно“, советува докторот.

Маски и ковид

„Има и други вируси и затоа треба да носите маска. Медицинарите носат маски 120 години и никој не се жали, затоа што знаеме колку се важни. Вирусите за жал се шират и тоа мора да го имаме на ум“, предупреди д-р Боровиќ.