ПОВТОРНО ПАНИКА на релација Белград –Москва

Европа

Повторно е објавено дека во авион на „Ер Србија“ на летот за Москва била поставена бомба.

Оваа информација им била соопштена на пилотите кога српскиот авион бил над границата меѓу Унгарија и Словачка.

Авионот полетал од аеродромот Никола Тесла во 14.03 часот и во моментов се враќа во Белград. Ер Србија и аеродромот Никола Тесла јавиле за Курир дека контактирале со српското МВР.

Од Муп информирале дека немаат никакви информации кои можат да ги споделат со јавноста.

Да потсетиме, во петокот, на 11 март, беше пријавено и дека во авионот на Ерс Србија на истата релација била поставена експлозивна направа. Авионот се вратил во Белград, патниците биле евакуирани и малку подоцна со друг авион полетале за Москва.

Авионот бил прегледан на безбедниот дел на аеродромот од страна на компанијата за антидиверзантска заштита и кучиња водичи на Специјалната полициска единица на Полициската бригада на полицијата на Белград, Специјалните антитерористички единици, Управата на граничната полиција, Сообраќајната полиција и ПС Сурчин. Бомба не била пронајдена.