Од денеска БЕЗ МАСКИ на затворено и ковид сертификати

Балкан

Од денеска е укинат ковид сертификатот како пропусницата според претходните одлуки донесени од Кризниот штаб во Србија.

Пропусниците за Ковид беа воведени на 23 октомври минатата година и прво важеа по 22 часот, но со зголемувањето на бројот на новозаразени, нивната важност беше продолжена, па се применуваа од 20 часот.

Лекарите кои се членови на Кризниот штаб бараа пропусниците да важат 24 часа, но тој предлог никогаш не беше прифатен.

Се задржува препораката за носење маски во затворени простории, но не е задолжителна. Се укинува и ограничувањето на бројот на луѓе во затворени простории.

Маските ќе се користат задолжително само во здравствените установи.