
Мухамед со ЈОК на Заев
Заев попи корпа!
Премиерот Зоран Заев имал обид да се слика со македонските фудбалери за политички поени. Заеме дека македонските политичари секогаш спортот го користат за сопствена политичка кампања. Во тоа секако предничеше поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Актуелниот премиер Заев тргна по негови стапки.
На тоа конечно реагираше претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини. Тој сосема оправдано му кажал ЈОК на премиерот Заев. Не може политика со фудбалот. На тоа жестоко реагираше Заев, како да не е свесен што направи со предавањето на ФФМ во рацете на ДУИ. Тој силно вербално го критикуваше првиот човек на Федерацијата, во интервју за Телевизија Клан. Заев се пожали дека сакал да се сретне со фудблерите пред нивното учество на ЕП, но сепак како што вели, тоа не го дозволил претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини.
За жал истото не му го кажаа на Али Ахмети кога направи партиска прослава за титулата на Шкендија. Таму Ахмети стана капитен на тимот. ФФМ се претвори во подружница на ДУИ.
Изгледа и ФФМ и претседателот Сејдини имаат двојни стандарди. Не слушнавме осуда од ФФМ за постапката на лидерот на ДУИ, Ахмети. Имаше само правдање зошто така постапиле со Заев.
– Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив. Но председателот на ФФМ, господинот Сејдини не дозволи средба, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите. Кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател, изјави премиерот Заев.
Заев притоа додаде и касно се сети:
-Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот. Не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите – рече премиерот Заев.
Сепак, од ФФМ излегоа со реакција. Како што се вели, правилата ги диктира УЕФА. Поради пандемијата со коронавирусот фудбалерите и стручниот штаб не смеат да се среќаваат со други лица освен оние кои се тесно поврзани со функционирањето на селекцијата.