
Црвен крст со огромна донација по повод Светскиот ден на Црвениот крст
По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина како и Денот на осамостoјувањето на Црвен крст на Р. Северна Македонија кои се одбележаа минатиот месец.
Црвен крст донираше сума од 320.000 евра .
Министерот за здравство Венко Филипче изрази огромна благодарност за донацијата.
Црвен крст РСМ донираше триесет и пет неинвазивни респиратори со комплетна помошна опрема како и проспекти и видео обука за нивно користење од Швајцарската фирма BCD microtechnique SA во вредност од 320.000 CHF на Министерството за здравство.
Добиените неинвазивни респиратори ќе бидат распределени во Делчево (3), Струмица (4), Велес (5), Охрид (4), Кавадарци (2), Битола (5), Јасеново (2), Неготивно (2), Кичево (3), Гевгелија (3) и Кочани (2).
Дополнително Црвен крст донираше 60 медицински наткасни, шеесет постелнини, средства за дезинфекција и хигиена за Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)