Бугарија ќе ни каже каква историја ќе имаме

Изјави, Македонија

Професорот Денко Малески, често изнесува јавни ставови, кои се разликуваат од мнозинството во земјата. И тоа е за поздравување. Но тие ставови често се спротивни и на воспоставеното меѓународно право. Особено прифатените меѓународни стандарди за самоопределување или право на науката на сопствено убедување. Тоа ја отвори дилемата, дали професотор Малески изнесува лични ставови или тоа се пробни балони на власта. Лансирање на став во јавност, се согледува реакција по истиот, за да се најде начин како на Македонците да им се соопшти правото на Бугарија да ни го контролира правото на мислење.

Последниот став на професорот беше повеќе од скандалозен. Ако генерализираме, тоа би било дека е заблуда ние Македонците да имаме право да си ја пишуваме историјата како сакаме. Со други зборови, треба да ја прифатиме онаа историска вистина која Бугарија сака да ни ја наметне. Ако е тоа личен став на Малески, не е проблематичен. Но доколку е обид на Владата на Заев да ни соопшти дека треба да прифатиме бугарска историја во Македонија, тоа е веќе пролем.

Аргументи кон тој став се изнесени во низа медиуми низ земјава. Генерално се повикува на промашените критики на поранешни и актуелни политичари и интелектуалци, кои биле против Преспански договор. Според него, сега останале без аргументи. Исто така, не требало да се земаат во предвид ставовите против новиот компромис со Бугарија. Зашто исто така ќе завршеле како пукање во празно.

Има уште нешто што сме требале да го научиме: за односот помеѓу историјата и државната политика. Иако либералната демократија е отворена за секакви интерпретации на историјата, државната политика ја нема таа слобода да избере што сака. – пишува Малески

За него поставувањето на темелите на македонскиот идентитет на база на македонизмот е поставување на база на културната и историската почва на античка Грција. Тоа зборува за сериозен недостаток на познавање на историската наука од страна на професорот Малески. Особено недостаток на капацитет да разбере дека историскиот наратив се создава за да биде во прилог на државноста на соодветна држава. Во случајов на македонската држава.

Историчари и интелектуалци уште живеат со заблудата дека секој народ има право да си ја пишува историјата како сака. – смета Малески.

Според ова тврдење, ние треба да прифатиме бугарските историчари и интелектуалци да ни кажат каква историја ќе пишуваме. Зашто тоа право на нив им го дал Бог, а ние немаме такво право. Во која заблуда живее професоров?

Малески се повикува на аргументите на Козијас, кој вели „Грците не отстранија од својата историја одбивајќи да ја споделат со нас додека Бугарите инсистираат дека сме едно. Новиот македонски идентите чии почетоци се во втората половина на деветнаесеттиот век и првата половина на дваесеттиот. Согласно доминантниот светски наратив, во потрага по својата посебност „заталка“ во грчката историја и тоа е исправено со Преспанскиот договор. Таа посебност, и покрај заканите по живот, негов и на семејството, од страна на грчките националисти, е конечно прифатена од грчката држава.

Без масовна поддршка на јавноста. И таа посебност, ги советува Коѕијас Бугарите, треба да ја поддржите и вие зашто во спротивно може да се дестабилизира не само Северна Македонија туку и Балканот. Во право е. Само со поддршка на новиот идентитет соседните држави можат да спречат историјата на старите ривалстава околу Македонија, повторно да не почне да извира под нашите нозе.

Дали овие ставови на проф. Малески се ставови на владата на Зоран Заев? Дали Владата не подготвува за најстрашното, а тоа е капитулација на науката? Останува да видиме.