СРАМОТА (видео): Русија со ракети уништи аеродром за хуманитарна помош

Европа

Познато е дека главни цели на руската армија во Украина се воената и енергетската инфраструктура. Последните денови масовно се бомбардираат и цивилни објекти и цели квартови во украинските градови, а населението е доведено до хуманитарна катастрофа, без вода и храна.

Со цел да се спречи таков развој на настаните, преземени се две генерални акции, една за евакуација низ хуманитарни коридори, кои русите ги бомбардираат, а втората да се достави хуманитарна помош до цивилите.

За таа цел, воспоставен е воздушен коридор, кој го користи аеродромот во Винници, за пренос на целокупната хуманитарна помош од светот. Руската армија со цел да спречи помошта да дојде до украинските цивили, со ракетен напад го уништи тој аеродром, заедно со целокупната хуманитарна помош во храна и лекови.

 

Оваа снимка е направена непосредно после руските ракетни удари, со кои се срушен аеродромот Винници. Со ова оневозможена е доставата на хуманитарна помош за гладните и жедни жени и деца, стари и болни Украинци.