Се стега обрачот околу Каракачанов и Борисов

Балкан

Американска акција за апсење на Каракачанов и Борисов!

После промената на власта во Бугарија, работите брзо се менуваат. Познато е дека владата на Бојко Борисов го прикриваше целокупниот криминал, на линија со Македонија. Од митото земано за издавање на бугарски пасоши, па до митото земено од македонски олигарх за негова заштита. По првата линија главно обвинувани беа кадрите на бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов, кои земаа мито за секој издаден бугарски пасош на македонски граѓанин.

По втората линија главно осомничени беа министерката Захариева и нејзини блиски соработници. Информациите говорат дека е земен голем поткуп од македонски олигарх, со цел да му се даде дипломатски статус во земјава. Со тоа тој би бил заштитен од апсење во Македонија. Се спомнува сума од 14 милиони евра поткуп. Првата рата од 8 милиони евра ја има земено близок роднина на Захариева. Втората рата од 6 милиони евра е земана од советник на Захариева и Борисов, близок соработник на македонскиот олигарх. Информациите се дека тој учествува во подготвка на случајот Рекет во Македонија, за да си ги заработи земените пари од олигархот.

Дипломатски напори за сузбивање на криминалот по македонска линија

После силните протести против криминалната влада на Борисов, се вклучи црвено светло кај дипломатите. Освен информациите за истрага на ЕУ по основ злоупотреба на пари од европски фондови, силно се вклучија САД. Тие всушност и ја предводат акцијата за сузбивање на корупцијата во најкорумпираната европска земја Бугарија. На удар се низа соработници и министри од владата на Бојко Борисов.

На удар на американската акција се и бугарски бизнисмени и коалициони партнери – олихарси на Борисов. Богаташите како Дељан Пеевски, Иљко Жељасков и Васил Божков се први на листата. Последниот, Васил Божков познат како Череп, беше во блиски релации со македонскиот шеф на службите Сашо Мијалков. Ако се знае дека Мијалков е во затвор во Македонија со амин на САД, тогаш се поставува прашањето дали Американците се одлучиле да расчистат со балканските банди.

Меѓу шестмината Бугари кои американскиот Стејт Департмент ги стави на црна листа, се и двајцата поранешни функционери на Државната агенција за Бугарите во странство, Петар Харалампиев и Красимир Томов. Тие се обвинети дека организирале шема за земање мито за издавање бугарски пасоши на Македонци. Двајцата се кадри на ВМРО-БНД на поранешниот вицепремиер Красимир Каракачанов.

„Денеска, го објавуваме јавното означување на поранешните бугарски функционери Александар Манолев, Петар Харалампиев, Красимир Томов, Делјан Славчев Пеевски, како и актуелниот бугарски функционер Димитров Желјазков, поради нивна вклученост во значителна корупција. Манолев, Харалампиев и Томов, како заменик-министер за економија, директор на Државната агенција за Бугари во странство и генерален секретар на Државната агенција за Бугари во странство беа вклучени во коруптивни дејствија. Со што го поткопаа владеењето на правото и довербата на бугарската јавност во владините демократски институции. И ги користеа своето политичко влијание и моќта што им ја носи функцијата за да остварат лична корист“, се вели во соопштението на портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

Со оваа одлука на Стејт Департментот, на Харалампиев и Томов, како и на нивните семејства им е забранет влез во САД. Двајцата беа уапсени во 2018 година, како дел од акцијата на бугарската полиција против раководството на Државната агенција за Бугарите во странство, преку која што се издаваат државјанствата.

Најави и очекувања на ваква акција

Во екот на предизборната кампања во Македонија, од страна на Бугарија имаше обиди за мешање во внатрешните работи на Македонија. Особено во фокусот на бугарските дејствувања беа кампањите на Обнова за Македонија на Христијан Мицкоски и Македонски Концепт на Петар Богојески. Вкупните напори на поддршка од Каракачанов и паспортната мафија беа насочени кон успех на Мицкоски. Со поддршка на вкупната инфраструктура на т.н. бугарска мрежа низ земјава. Често имаше размена на „напријателски ноти“ помеѓу Мицкоски и Каракачанов, со цел покачување на рејтингот на Мицкоски во македонската јавност.

Кампањата на Македонски концепт беше под континуиран напад на „бугарските јатаци“. Особено активни беа екипата на т.н. секретарка на Ванчо Михајлов, извесна Вида Боева. Таа е познат соработник на поранешната југословенска служба УДБА. Но нападите не изостануваа и од т.н. здруженија за бугарски пасоши, кои се блиску конектирани со Каракачанов. Голем дел од митото за обвинетите од САД, особено т.н. Бато Харо или Петар Харалампиев е собирано преку тие здруженија. Сите тие беа вклучени едногласно за уништување на кампањата на Македонски концепт.

Во жестоката полемика во јавноста помеѓу Богојески и Каракачанов, се случи еден неочекуван гест од Бато Харо. Имено, во моментот кога Богојески соопшти дека е земено мито од 66 милиони евра од македонските граѓани за бугарски пасоши, во полемиката се вклучи и Директорот на ДАБЧ, Петар Харалампиев. На него Богојески му возврати дека во тек е акција во Бугарија и Македонија, а тој и екипата за мито за бугарски пасоши ќе бидат „собрани на право место“. Дали со тоа Богојески уште пред една година ја најави оваа акција на САД и ЕУ, останува да дознаеме.

После почеток на истрагата во Бугарија, започна жестока акција против Богојески. Прво со обвинение за наводно негово бугарски државјанство, потоа со дирекни закани од Каракачанов. Богојески изјави дека е под жесток притисок и уцени од двоецот Каракачанов и Мицкоски, да стои на страна од т.н. бугарско прашање во Македонија. Тоа беше пренесено од сите македонски медиуми. Името на Богојески беше користено во целокупната предизборна кампања во Бугарија во негативен контекст. Особено од страна на Каракачанов и обвинетите бандити.

Истрагата започнала па била запрена

Зошто Бојко Борисов се најдува во тесна кожа во овие случувања. Минатата година, после реакциите од Македонија, во Бугарија беше отворена истрага. Обвинети беа функционери од ВМРО на Каракачанов. Кај нив беше пронајден милионски кеш од македонското мито за пасоши. Во моментот кога сите очекуваа разврска, ненадејно Бојко Борисов ја прекина истрагата. Сите притворени беа ослободени, а доказната постапка прекината. Со тоа Борисов се стави на страната на Каракачанов и стана соучесник во криминалот на Каракачанов.

Судењето почна дури две години подоцна, во септември 2020, но поради пандемијата на коронавирус судскиот процес е во застој. Обвинети за земање мито, просечно по 1.000 евра, при издавање уверенија за бугарско потекло се поранешниот директор на ДАБЧ Петар Харалампиев. Тогашниот генерален секретар Красимир Томов, кај кого во сеф беа најдени 285 илјади евра, и уште двајца.

Уверението за бугарско потекло е клучен документ потребен за добивање бугарско државјанство и според обвинението понекогаш се издавало и експресно, т.е. истиот ден.

Тоа е причината за итна пресконференција на Борисов, како реакција на акцијата на САД. На таа пресконференција, Борисов се правда како мало дете, дека немал никакви допирни точки со ставените на „црна листа“.

Очекувања во следниот период

Информациите од американски дипломати говорат дека истрагата нема да застане тука. Во Бугарија ќе продолжи акцијата се до целосно совладување на мафијашките бандити. Се најавува проширавање на истрагата и за „бугарскиот конзул“ во Македонија и митото за негова номинација.

Но позначајно е што истрагата е проширена и во Македонија. Особено на т.н. собирачи на митото за бугарски пасоши. Во центар на истрагата е еден поранешен близок соработник на министерката Доста Димовска. Тој се смета за главен организатор на бугарската мрежа во Македонија. Таа е мрежата за собирање на кешот за функционерите на Каракачанов. Во истрагата е вклучена и една македонска политичка партија, која се финансирала од тие пари. Дали конечно ќе се расчистат работите околу бугарската мафија во Македонија, очекуваме да дознаеме следните месеци.