Ексклузивно: Тајната на Ахмети

Македонија

Откриена тајната на Ахмети!

МКДенес од извори во политичката партија ДУИ ја дознава тајната на лидерот Али Ахмети. Од негова страна беше соопштено дека по повод 5 јуни, роденден на партијата, ќе објави изненадување. Слично на ова за премиер Албанец.

Таа информација ја потврдија од СДСМ. Премиерот Заев информира дека ја знае тајната на Ахмети, но ќе остави тој да ја соопшти. Во СДСМ се силно вознемирени од веста. И со право. Заев повторно остана насамарен од ДУИ.

Судирот во ДУИ ќе го плати СДСМ. Заев е повторно изигран од Ахмети. После оваа вест, Ахмети дефинитивно ќе го пензионира и Заев. Тој до сега пензионираше пет македонски премиери.

Тајната на Ахмети е следната. Судирот на скопското крило во ДУИ е веќе решено. Од функцијата прв вицепремиер се повлекува Артан Груби. На негово место доаѓа Изет Меџити. Со тоа, три пратеници кои му фалеа на Заев за стабилна Влада се враќаат во Парламент. 

Сепак Груби нема да остане без ништо. Тој е новиот министер за надворешни работи на местото на Бујар Османи.

ДУИ нема да биде ДУИ, ако тоа не го наплати од друг. Во случајот сметката ќе ја плати Петре Шилегов и СДСМ. Заев го пушта по вода град Скопје, а кандидат за градоначалник на Скопје на СДСМ и ДУИ ќе биде Бујар Османи. Така сметката за внатрешниот наводен судир во ДУИ, ја плаќа СДСМ. И тоа со едно од најмоќните места во земјава. Градоначалник на Скопје.

Ова е поклон од ДУИ за ВМРО ДПМНЕ и за Мицкоски. После овој потег, ДУИ го пензионира Зоран Заев, а го издига Христијан Мицкоски, кој добива градоначалник на Скопје. Единствен кој може да ги замрси сметките на бандите од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се граѓаните на Скопје. Тие може да изберат граѓански кандидат, без партиска позадина.

Поради обвинение, на овој роденден лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе најави повлекување од лидерската позиција. Тоа е крајно решение, пред негово заминување да одговара за дела направени во Косово. Вознемиреност има и во ДУИ, особено околу наследникот на партискиот трон. Сите шпекулираат со имиња. Најчесто споменуван е Артан Груби.