ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, Бајден и Шолц најавија можност

Свет

ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА на повидок. Дали Украина ќе биде само новата Полска, како за време на Втора светска војна? Сега само вовед во Трета светска војна?

Вампирот од Кремељ, Владимир Путин откако увиде дека не му оди добро со Украина и никогаш нема да го порази и понижи украинскиот народ и да го претвори во робовски, како во минатото, а НАТО се одлучни и започна да испорачуваат оружје за одбрана на Украина, денес во состојба на воена готовност ги стави нуклеарните проктили на Русија.

Предходно тој проба да си игра со демократскиот и слободен свет, испраќајќи порака до Финска и Шведска, дека истото ќе ги снајде како Украина и Грузија, ако пробаат да влезат во НАТО.

Коментирајќи ја ситуацијата околу руската инвазија на Украина, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова им се закани на Финска и Шведска.

Таа им порача дека не може да ја базираат својата безбедност на загрозување на безбедноста на Русија.

На тоа стигна брз одговор од НАТО, САД, Германија, но и од самите Шведска и Финска. НАТО порача дека нема да се откаже да го активира член 5 од Договорот за формирање на Алијансата, само ако е нападната една земја членка. Дополнително информираа дека ќе ги примат во НАТО, Финска и Шведска во брза постапка.

Двете земји испратија јасен одговор до Русија, дека тие самите ќе одлучат дали ќе влезат во НАТО, а тоа не е работа на Русија. Ниту пак Путин има право да одлучува во име на други суверени држави.

Но најстрашниот одговор пристигна од Вашингтон. Американскиот претседател Џо Бајден, во емисијата на Брајан Тајлер Коен, изјави дека во моментов има две опции, од кои едната е Трета светска војна.

-Имаме две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. Втората опција е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на меѓународното право ќе плати за она што го направи, рече Бајден.

Таа изјава беше проследена со акцијата на НАТО преку веќе распоредување на дополнителни своите сили за брза реакција од 40.000 луѓе, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Имаме сојузници. Соединетите Американски Држави и Велика Британија ја зголемија својата подготвеност да се приклучат на силите за одговор на НАТО. Тоа се дополнителни сили кои можеме да ги распоредиме. Бројот на распоредени сили на НАТО е тројно зголемен од 2014 година на околу 40.000“, рече Јенс Столтенберг.

Според него, компонентата на воздухопловните сили е веќе во функција со преку 200 авиони само во источна Европа, додека копнените трупи можат да бидат распоредени во рок од неколку дена. Исто така Алијансата има повеќе од 30 воени бродови во готовност, кои дежураат од север до Медитеранот.

По самитот на лидерите на НАТО , генералниот секретар на НАТО изјави дека зајакнувањето на военото присуство на НАТО има за цел да спречи прелевање на конфликтот во Украина на територијата на членките на таа воена алијанса.

„Се договоривме да продолжиме да ја поддржуваме Украина, како и присуството на источната страна, со цел да спречиме каков било напад врз сојузничката земја. „Имаме одбранбено присуство на исток, го зголемуваме присуството не за да предизвикаме конфликт, туку за да го спречиме“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО смета дека целта на руските акции е промена на власта во Украина.

„Гледаме реторика, пораки кои јасно укажуваат дека целта е да се сменат демократски избраните власти во Киев“, рече Столтенберг, додавајќи дека НАТО е во контакт со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Ја повика Русија веднаш да ја прекине војната во Украина. Во заедничката изјава по самитот лидерите на НАТО ја повикаа Русија веднаш да ја прекине војната во Украина и да ги повлече сите свои војници од таа земја.

Во соопштението стои дека Русија ја сноси целосната одговорност за конфликтот и дека Москва го отфрлила патот на дипломатијата и дијалогот што постојано го нудат НАТО и неговите сојузници.

НАТО ги нарече дејствијата на Русија „прекршување на меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН “.

„Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина е ужасна стратешка грешка за која Русија ќе плаќа висока цена, и економски и политички, уште многу години“, се вели во соопштението.

Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на вонредната седница на Бундестагот.

„Со инвазијата на Украина, влеговме во нова ера. Во Украина луѓето не само што ја бранат својата татковина, тие се борат за слобода и за својата демократија, за вредностите што ги споделуваме со нив“, рече Шолц.

Германскиот канцелар рече дека е отворен за разговори со Русија и покрај инвазијата на Украина, а во исто време се закани со нови западни санкции против Москва.

„Не одбиваме да разговараме со Русија. Дури и во оваа екстремна ситуација, должност на дипломатијата е да ги држи отворени каналите за разговори“, рече тој во Бундестагот.

Тој, сепак, предупреди дека Западот го задржува правото да воведе нови санкции кон Москва, откако за неколку дена беа воведени два пакета санкции.

По руската инвазија на Украина, Германија ќе ја зголеми својата распределба за Армијата за да достигне повеќе од два отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) годишно, што е повеќе од она што го бара НАТО, рече Шолц.

Германија ќе деблокира дополнителни 100 милијарди евра за модернизација на армијата, што ќе ги зголеми трошоците за Армијата над два отсто од БДП.

„Од сега па натаму, повеќе од два отсто од нашиот бруто-домашен производ ќе инвестираме во нашата одбрана од година во година“, рече тој во Долниот дом на Парламентот.

Во тек се и разговори помеѓу САД и Кина, во врска со ситуацијата во Украина и поведението на Путин. Тие две земји се најголеми трговски партнери и на ниту една од нив не им одговара прекин на соработката. Доколку завршат успешно тие разговори, можна е дирекна интервенција на НАТО во Украина.

Дали тоа дефинитивно ќе означи нов почеток на нова Трета светска војна, останува да видиме следните денови.