ДОБРО УТРО ОД АМАТЕРКАТА И ВИСТИНАТА ЗА СЕВЕРНА

Македонија

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И ВИСТИНАТА ЗА  СЕВЕРНА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Насловите по медиуми од пред шест години на 06.02.2015 година : „ Централниот одбор на СДСМ даде зелено светло да почне објавувањето на материјалите за наводниот криминал на Владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ“.

Лидерот на тогаш опозициската партија СДСМ, Зоран Заев го најави проектот „Вистината за Македонија“ кој настана како резултат на објавувањето на незаконски прислушувани разговори на повеќе од 26.000 граѓани, политичари, новинари, судии, обвинители, бизнисмени, невладини организации.

ТОГАШ  од прислушуваните разговори граѓаните дознаа како тогашната власт вработувала партиски кадри, како местела погодни судии и обвинители но и како биле договарани изборни измами.

ДЕНЕС сме сведоци на исти постапки, разликата е во тоа што за истите не дознаваме од „бомби“, туку имаме чест да ги  следиме „во живо“ . Денешната вистина на Северна Македонија е следна:

ВИСТИНА е дека од вкупно 171 предмет на СЈО, завршница имаат само 3.

ВИСТИНА е дека во погоден момент беше донесен закон со кој се забранува објавување на бомбите и тие веќе не може да се користат на суд како докази.

ВИСТИНА е  дека тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев  кај и да е ќе добијат ослободтелни пресуди.

ВИСТИНА е дека Груевски не е во затвор, напротив ги ужива сите земски задоволства.

ВИСТИНА е дека го срушија СЈО и се изпазарија за пуста власт, а шарените се „нашмркани“ од власта.

ВИСТИНА е дека ја распродадоа државава и дека се пазарат за повторна промена на Уставот, а само Шекеринска го валоризираше „кубењето“.

ВИСТИНА е дека го упропастија образованието, го уништија здравството и ја докусурија економијата.

ВИСТИНА е дека секој нареден ден не вовлекуваат во нова криза и го осиромашија народот. Живееме во енергетска, економска и здравствена криза.

ВИСТИНАТА  е дека  БОМБИТЕ БИЛЕ „РЕКЕТ“  ЗА ПУСТА ВЛАСТ!

ВИСТИНАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА е типичен пример за тоа дека имало и полошо.