Кои македонци се помеѓу СОМНИТЕЛНИТЕ КЛИЕНТИ на швајцарска банка

Европа

Врз основа на информациите протечени од една од најголемите приватни банки во светот – Credit Suisse, откриено е скриеното богатство на клиенти кои се вклучени во тортура, трговија со дрога, перење пари, корупција и други тешки кривични дела, пишува британски Гардијан.

Според неофицијални извори на листата се наоѓаат и неколку македонци, бивши и сегашни функционери и бизнисмени.

Според извештајот што протече во јавноста, а кој ги обелодени внатрешните процедури на банката, откриени се деталите за сметките на околу 30.000 клиенти на Credit Suisse ширум светот, во вредност од повеќе од 100 милијарди швајцарски франци (околу 96 милијарди евра), според Гардијан.

Протечените податоци од извештајот, кои медиумите сè уште ги нарекуваат „швајцарски тајни“, укажуваат на широко распространети пропусти на Credit Suisse, и покрај, според лондонскиот весник, повеќедецениските ветувања за отстранување на сомнителни клиенти и нелегални средства.