ГОСПОД НА ПОМОШ: Чика Сем главен за нуклеарен отпад во САД

Забава

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го ангажираше првото небинарно лице кое ќе има водечка позиција во федералната влада. Сем Бринтон сега е заменик-помошник секретар за отстранување на потрошено гориво и отпад во Канцеларијата за нуклеарна енергија на Министерството за енергетика.

Бринтон, кој ја користи заменката „тие“ кога зборува за себе, во објава на ЛинкедИн вели дека верува дека ќе биде „првата родово-флуидна личност во владиното раководство“.

„Во оваа улога ќе го работам она за што отсекогаш сум сонувал, водејќи ги напорите за решавање на националните предизвици со нуклеарниот отпад. Ќе направам се што можам за да донесам иновативна мисла во оваа владина улога“, рече Бринтон.

„Да, знам дека нема да биде лесно. Да, разбирам дека ова е огромен предизвик. Да, јас сум подготвен да го прифатам“, рече тој.

Од Министерството за енергетика не се огласија по ова прашање.

Твитер профилот „Libs of TickTock“ објави фотографија на Бринтон облечен во потпетици и блескав фустан додека држи американско знаме и стои над три лица кои играат улоги на кучиња. Фотографијата привлече внимание и доведе до критики против ЛГБТК заедницата.

Бринтон магистрирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ). Во својата биографија на ЛинкедИн, тој пишува дека работи на решавање на глобалните предизвици околу нуклеарниот отпад и на заштита на младите членови на ЛГБТК заедницата од терапија за конверзија насочена кон промена на сексуалната ориентација.

Во моментов работи како директор за глобална политичка стратегија во Deep Insulation, компанија за отстранување нуклеарен отпад. Работел за Тревор Проект, група која работи на спречување самоубиства меѓу геј и трансродовите луѓе.

Светските медиуми многу се фокусираа на приватниот живот на Бринтон.

Тие напишаа дека има историја на промовирање сексуални фетиши поврзани со играње улоги на животни.

Посебно истакнаа дека тој во 2017 година одржал предавање за „истражување на фетишот“ во Политехничкиот институт Ренселер.

Бринтон потоа зборуваше за сопствените искуства од „играњето кученца“, доминацијата и како „безбедно да го задушите партнерот“. Тој зборуваше за искуството како сака да го врзува партнерот за маса додека вечера и гледа „Ѕвездени патеки“.