(Видео) Путин лажира бoмбардирање на Доњецк

Европа

Пропагандата на Путин тврди дека украинските легални вооружени сили отвориле оган врз самопрогласената Народна Република Доњецк, користејќи минофрлач од 120 милиметри, забранет за договор од Минск.

Дописникот на Спутик (предводник на руската пропаганда) наводно ги прикажува бомбардираните предградија на Доњецк.

Граѓаните на Донбас со конвои автобуси и автомобили се евакуираа кон руската граница. Евакуацијата се очекува да продолжи и во текот на ноќта.

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република Денис Пушилин изјави дека ситуацијата во Донбас, за жал, води кон војна. „Офанзивата (на Украина) може да започне целосно во секој момент. „Апсолутно се е подготвено за тоа“, изјави Пушилин за телевизијата „Русија 24“.

Портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова обвини дека во Донбас се врши наводен геноцид додека целиот Запад молчи.

Снимка од настанот преку мрежата на Путин во Србија: