КРИМИНАЛЦИТЕ од СДСМ уште во 2018 ги уништиле пензионерите, сега само глумат

Македонија

Дволичноста на СДСМ ја надмина и ироничноста на нацистите. Зборуваат за повисоки пензии, а го суспендирале системот за порамнување на пензиите со просечната плата во земјава, што беше законска обврска во минатото. Тоа е злосторство врз пензионерите.

Пензионерскиот синдикат смета дека паралелно со покачувањето на минималната плата и просечната плата од први април треба да се покачат и пензиите заради лошата состојба предизвикана од економската, здравствената и енергетската криза. Синдикатот бара исплата и на Ковид пакети за пензионерите чиј износ би бил највисок за пензионерите со најниска пензија.

Пред измената на законот во 2018-та соодносот на просечната пензија со просечната нето исплатена плата во РМ изнесуваше над 60%. Ако ја земеме пример исплатената просечна плата за ноември 2021, просечната пензија би требало да биде 17, 478 денари.

Пензионерите велат дека, пензиите не им стигаат за сметки, лекови и прехрана.

-10.800 пензија. Фирмите пропаднаа, оставаме на улица и што ќе ми стигне.

-На оние со помали пензии да им се даде повеќе од оние со поголеми.

Се е зголемено, нешто пензии качија. Колку ви ги качија пензиите? 2,9 така нешто. Со тоа покачување успевате да го покриете покачувањето на производите? Можам само дел да платам од струја, велат пензионерите.

Пратеничката група на ВМРОДПМНЕ поднела законско решение со кое бара зголемување на вкупниот износ на сите видови пензии за април за 20% кој ќе се дели на вкупниот број на корисници на пензија. Повторно се игнорираат најниските пензии, а ВМРО ДПМНЕ се заложило за зголемување на борачките пензии од над 50.000 ден што е иронично!

За нив е најважно дека Ковачевски е дволичен кон пензионерите, бидејќи владејачкото мнозинство не го поддржало нивниот предлог. А никако да погледнат дека немаат предлог.

Од друга страна дволичноста на СДСМ го достигна врвот. Владејачкото мнозинство го покажа своето вистнско лице со самото укинување на законската обврска за порамнување на пензиите. Повисоки пензии беше едно од ветувањата на премиерот Ковачевски, но во СДСМ често им се случува да добијат амнезија.

Се додека не се постигне вистинско редовното законско усогласување, а не зголемување 2,9 %, нема простор за констатација на правичен однос кон пензионерите. Новата методологија за повисоки пензии која ја најавува СДСМ и која ќе се донесела низ дијалог со сите засегнати страни, е само пазарење за купување на гласови, ништо повеќе.

65.535 лица се корисници на минимални пензии од 10,487 денари до 11,703 денари. Тоа значи дека секој петти пензионери зема пензија до 11,703 денари. Кај најниската просечна пензија земјоделската промената изнесува 97 денари, односно во јануари таа изнесувала 8,167 денари, додека во декември 8,264 денари. Нели ова е срам за целата земја?

До кога ќе се злоупотребува довербата на пензионерите? До кога на нивни грб ќе се богатат криминалците од власта? Зошто не се почитува нашиот минат труд? – се само дел од прашањата на пензионерите со кои разговаравме.