ДАЛИ ЗНАЕТЕ за султанот и Охридската Архиепископија

Дали Знаете

ДАЛИ ЗНАЕТЕ?

Пишува Гордана Јанакиевска

ДАЛИ ЗНАЕТЕ … Мустафа ІIІ (28 јануари 1717 во Одрин – 21 јануари 1774 во Цариград) бил дваесет и шестиот султан на Отоманското Царство.

Во Македонија е познат по тоа што во 1767 подлегнал на барањата на Цариградската патријаршија и незаконски ја укинал Охридската Архиепископија.

За да се увери дека не постои никаков документ со кој самата Охридска Архиепископија бара припојување кон Цариградската патријаршија, 1867 година Гаврил Крстович писмено се обраќа до Високата Порта во Цариград со молба да му се издаде препис од Високата заповед со која се укинува Охридската Архиепископија.

Одговорот што стигнал бил дека Висока заповед или ферман за укинување на Архиепископијата во Охрид нема.

Постои само кус запис на крајот од еден лист на записник со молба од патријархот Самуил за укинување на Охридската Архиепископија. Освен препис од тој записник добил и препис од берат со кој се поставува првиот митрополит на Цариградската патријаршија во Охрид по укинувањето на Охридската архиепископија.

Станува збор за митрополитот Григориј Драченски. Според тоа, укинувањете на Охридската Архиепископија е дело на патријархот Самуил и Синодот на грчката патријаршија во Цариград, а приказната дека тоа се прави по барање на свештенството и народот е чиста лага.