ЖИВОТНА СРЕДИНА: МКонцепт на настан на Фондацијата Конрад Аденауер
Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи организираа презентацијата на „Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина“.
Имајќи го во предвид посебното значење на инспекцискиот надзор на животната средина, особено состојбите и предизвиците во вршењето на инспекцискиот надзор на локално ниво, кој е од големо значење за граѓаните, но и за единиците на локалната самоуправа во земјата, Македонски Концепт зеде учество со двајца свои експерти во областа Др. Оливера Клинчарова и М-р. Владо Бангиевски.
М-р Бангиевски за МКДенес изјави дека ја поздравува иницијативата на домашните и меѓународни организации за отварање на темата за реалната функционалност на надлежните институции во областа на животната средина, кои не секогаш се во можност да ги исполнат очекувањата на граѓаните, токму поради законски ограничувања.
Д-р. Оливера Клинчарова свој акцен става на системот за финансирање на програмите за заштита на животната средина, кој се дел од проблемот наречен буџетирање на единиците на локалната самоуправа. Двајцата нагласија дека Македонски Концепт придава огромно значење на животната средина и квалитетот на животот на сите граѓани, за што во Програмата на политичката платформа е презентиран план за надминување на постојните проблеми.
На овој настан како говорници најавени беа Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Дарко Блинков, Државен инспекторат за животна средина и Југослав Ѓоргиевски еден од авторите на анализата. Модератор на настанот бил Жарко Хаџи-Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи.
Свои поздравни обраќања имаа Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Горица Наџинска, Центар за правни истражувања и анализи.
Претставниците на Македонски Концепт најавуваат дополнување и подобрување на проектите на нивната политичка платформа врз база на презентираната Анализа на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина.