БИТИЌИ: Зголемување на пензиите ЌЕ ИМА

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа кажа дека се размислува за промена на моделот за раст на пензиите. Сегашниот модел не обезбедува достоинствен раст на пензиите.

– Решение може само низ конструктивен дијалог. Изјавите од типот 20 посто, 30, 40 посто на ВМРО се паушални.Кај минималната плата осигуруваме дека и наредните години ќе растат и кај пензиите истотака ќе има раст, смета Битиќи.

Тој вели дека оваа недела ќе започнат разговорите за зголемувањето на пензиите.

-Во делот кој разговараме е моделот со кој пензискиот фонд да се одржи стабилен и одржлив за да може од него да се добиваат пензии и наредните пензионери. Не сум научен да играм со проценти и со решение во кои не гледам доследна анализа.

Предвидливоста ќе ја имаат до 2026. Сакаме решенија со кои ќе им овозможиме достоинствен живот. Сметам дека пензискиот фонд осигурува доволно стабилен приход за да се обезбеди пораст на пензиите, рече Битиќи.