
БОГОЈЕСКИ за минималната плата
Пренесуваме коментар на Богојески за минималната плата, со оглед на актуелноста на темата со цел да се презентираат пред јавноста повеќе ставови.
„УБАВО Е ВАКА… едните (олигарсите) си имаат држава, другите (“работниците”) си имаат Синдикати!
А што да кажат вистинските работници, оние кои плаќаат реален данок… оние кои не чекаат плата, туку сами си создаваат плата?!?
Оние илјадници занаетчии, дуќанџии, трговци на мало, производители на храна или други производи, угостителите, таксистите, фризерите / берберите, туристички работници… оние домаќините што со едно мало гранапче и фамилија рани и држава брани?!?
А што да кажат даскалите и лекарите?!? А пензионерите каде да плачат?!?
А оние со мал и среден бизнис што работат за 10 души, дење и ноќе и плаќаат ем плати за вработени, ем даноци за држава?!? Што да кажат ИТ инженери или инженерски бироа од сите области?!? А оние чесни бизнисмени кои создале гиганти фирми и ранат по 500 или 1500 фамилии?!?
Нив кој да ги брани?!?
Тие се тие домаќини што ја крепат државата, а таа со дрва и камења по нив! Тие се тие работници кои создаваат и за себе и за другите и за државата!
Ех сите Вие да се обедините и да кренете глас заедно со нас, ќе биде што ќе биде!
Ќе биде НОРМАЛНА ДРЖАВА со БОГАТ НАРОД!
Ама како да Ви кажам, Вие си знаете!