БУЈАРЧЕ влезе во филм, им пресуди на македонските Светци

Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи или така именуван Бујарче влезе во филм, многу опасен за него. Тој изјави дека никогаш не реагираат и нема да се мешаат за коментари на историската комисија по однос на историските прашања, бидејќи, како што вели „основниот принцип е политиката на политичарите, историјата на историчарите”. Но самиот тој не го почитува тој принцип, па си дозволи да им кажува на историчарите што да прават, а тој да кажува во нивно име што заеднички ќе славиме со Бугарите.

Бујарче прво ги искара членовите на Историската комисија со Бугарија и си дозволи да им кажува што смеат, а што не смеат да прават, а потоа влезе во нивната улога и веќе им пресуди на историските личности, кои се подобни да ги споделуваме со Бугарија.

„Тоа не е содржиско прашање на нивната работа. И затоа нема да реагираме за тоа што они го коментираат и јавно за содржината на нивната работа, но не треба да се мешаат во политичкиот процес како што јас никогаш нема да влезам во коментари за историски прашања и за содржината на нивната работа и мислам дека е тоа фер однос и така треба да биде и тоа ги заштитува нашите позиции“, вели Османи.

Бујарче влезе во филм па си дозволи и на граѓаните, новинарите, аналитичарите, на целата македонска јавност и општеството да ни каже дека не смееме да расправаме за историските личности и нивното значење, меѓу кои е Гоце Делчев, туку тоа може да го расправа само Комисијата. Многу мозок овој Бујар, да не научил школо кај Еневер Хоџа случајно?

Дополнително Бујарче потсети дека на агендата на Комисијата не е стигнато до тоа прашање, бидејќи не ги надминале претходните прашања и оти е важно да има процес и историската комисија да решава за овие прашања, а не јавноста, политичарите и новинарите, како и двете општества. Со други зборови, тој им наредува на Комисијата побрзо да прифатат што тоа сакаат Бугарите, а и забранува на домашната јавност да дискутираат по прашањата.

Во однос на заедничкото одбележување настани, Бујарче вели дека тоа е процес што е продукт на работата на Историската комисија, но сепак тој како голем експерт ќе пресудува.

Тој веќе им пресуди на македонските Светци, па посочи дека веќе имаме предуслов за пет историски личности, меѓу кои и Светите Кирил и Методиј и Климент Охридски, заеднички и официјално да ги одбележуваме затоа што и двете страни од Комисијата веќе имаат договорено заеднички поглед кон нивната улога и нивното значење за двете општества и држави и оти тоа е заедничко официјално одбележување.

„Е тоа е заедничко официјално одбележување. Гоце Делчев се уште е во процес на разговори помеѓу Историската комисија што значи не е предмет на тоа официјално заедничко одбележување бидејќи се уште имаме различни интерпретации по однос на улогата на значењето на оваа важна личност за нас, подвлече Османи, а не кажа зошто оваа година заеднички го одбележувавме.

Шефот на дипломатијата си дозволи да го оценува процесот на работа на комисијата кој замислете бил поврзан и со вкупниот политички амбиент меѓу државите, и оти очекувањата се дека со враќање на довербата меѓу двете држави ќе се охрабрат и тие да влезат во тој процес и според научни методологии да дојдат до заеднички наративи.

Во однос на промената на составот на Комисијата, поради нивна непослушност кон Бујарче, рече оти ја отворил таа тема, не заради тоа што имале планови за промена, „туку да се внесе свежина во односите”. Значи Бујарче ќе ни ја освежува и историјата преку Историската ни комисија. А за разлика од неговите зелени глупости, Бугарија и Петков кажаа дека бугарските претставници во комисијата, иако шовинисти и истакнати КГБ агенти, сепак нема да се менуваат.

Во тој контекст Бујарче смета дека кога имате една група како оваа Комисија што работела повеќе од една година и ништо не направила, се создаваат и такви односи што некогаш придонесуваат негативно за развојот, со што треба да се менува. Тој информираше дека следниот состанок на Заедничката историско – образовна комисија ќе се одржи на 28 февруари.

Тој сепак и покрај тоа што кажува дека за Гоце Делчев ништо не е договорено, си призна дека одбележувањето на јубилејот на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, било одлука на двете држави, односно на двете влади да испратат делегации што ќе го почитуваат и одбележуваат овој ден. Тоа многу ќе помогнело на амбиентот.

„Меѓутоа, сметам дека ваквите политички гестови можат само да помогнат во амбиентот, бидејќи разликите не секогаш треба да се гледаат како негативни за односите меѓу двете држави, бидејќи на крајот на краиштата историјата е таква да мултиперспективноста и е дозволена па некогаш е и преферирана во интерпретациите на различните историски личности и настани. Така што, се обидувам да гледам на позитивниот аспект на овој гест во кој сите одаваат почит на личности коишто се значајни за нас“, рече Османи.

Тој продолжи со зелени, па истакна дека делегацијата на Владата на Бугарија била тука на покана на Бугарската телеграфска агенција на отворањето на канцеларијата на агенцијата во Скопје, а не со намера да учествува на одбележувањето на Гоце Делчев, иако предходно самиот тој и Владата во која учествува се испофалија дека тоа е договорено.

Бујарче за крај си дозволи да каже и да наложи, дека и покрај различните интерпретации, Историската комисија сепак ќе се охрабри да направи заеднички поглед кон значењето од овие личности и настани што ќе создаде мост за соработка помеѓу двете држави. Тогаш да ја тргнеме Комисијата и да им дадеме на него и на министрите да ја „освежат историјата“.