ЗАСТРЕЛАНИ четири тинејџерки и девојка

Хроника

Полициската станица во Милвоки соопшти дека инцидентот се случил вчера вечер, околу 19:20 часот, на околу еден блок подалеку од средното училиште Руфус Кинг. Полицијата најпрвин пронашла три жртви на возраст од 15, 16 и 17 години, кои веднаш биле пренесени во болница и кои се очекува да ги преживеат здобиените повреди.

Полицајците подоцна забележале уште двајца ранети, 15-годишна и 20-годишна девојка. Двете се здобиле со повеќе прострелни рани. И тие биле пренесени во болница и се очекува да закрепнат. Полицијата соопштила дека трага по осомничениот.

Неколку часа пред пукањето, вршителот на должноста градоначалник на Милвоки Кавалиер Џонсон ги прогласи 1-7 февруари за Недела на преживеаните по нападот со огнено оружје воведен поради големиот број такви инциденти.