Еве што објави Столтенберг за БУГАРИЈА!

Балкан

Јенс Столтенберг објави:

„Суштински разговор со премиерот Кирил Петков  за военото трупање на Русија во и околу Украина и импликациите за европската безбедност. Бугарија е посветен  НАТО сојузник кој придонесува за нашата колективна одбрана“.

Премиерот Кирил Петков денеска одржа видеоконференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Двајцата разговараа за актуелните случувања поврзани со континуираната акумулација на руски војници на границата со Украина.

Беше споделен ставот дека дипломатските напори за деескалација мора да продолжат, но во исто време Алијансата мора да биде подготвена за можно влошување на ситуацијата.

Премиерот го информираше генералниот секретар за одлуката на Владата да придонесе во колективната одбрана со изградба на бугарска баталјонска борбена група, со можност доколку е потребно да се пополнат дефицитите на земјите членки. Во текот на разговорот беше реафирмиран водечкиот принцип во НАТО – секоја одлука мора да биде поддржана од општеството и владата во соодветната земја-членка.