ОТКРИЕНО тајното оружје на САД кон Русија

Свет

Откриено тајното оружје на Соединетите Американски Држави со цел да се спречи руското влијание во Европа. Тие се обидуваат да му го одземат најјакото оружје на Путин – испораката на гасот со пренасочување на испораките на природен гас од целиот свет кон Европа.

Американските власти се заканија дека ќе го суспендираат проектот „Северен тек 2“ доколку Русија ја нападне Украина.

Поради најавата за руска инвазија на Украина, американските власти започнаа со преговори со светските добавувачи со цел да се избегне руското условување и Европа да избегне ненадејно губење на топлинската енергија среде зима.

– За да се осигуриме дека Европа може да ги преживее зимата и пролетта, се подготвуваме да обезбедиме алтернативни залихи кои покриваат огромно мнозинство од потенцијалниот недостаток, изјави висок функционер за „Гардијан“.

Подготовките за големи испораки на гас се дел од кампањата на САД и нивните европски сојузници да му покажат обединет и кохерентен фронт на Путин со надеж дека ќе го одвратат од планираната инвазија врз Украина.

Еден од главните алтернативни снабдувачи со гас е Катар, чиј емир Тамим бин Хамад ал Тани треба да ја посети Белата куќа со цел да се воспостави, како што е најавено, „стабилноста на глобалното снабдување со енергија“.

– Разговараме со многу компании и земји ширум светот. Не сме фокусирани на еден или двајца добавувачи. А притоа не мора да барате од ниту една поединечна компанија или земја да го зголеми извозот за значителни количини, туку помали количини од мноштво извори, велат од Вашингтон.

Доколку гасот се пренасочува кон Европа, тој најмногу би требало да биде во форма на течен природен гас (ЛНГ). САД се најголемиот светски извозник на течен природен гас од декември, надминувајќи го Катар. Според агенцијата Блумберг, повеќе од илјада товарни бродови отпловиле од САД минатата година, кои превезувале течен природен гас. Половина отиде во Азија, третина во Европа.

Тајната на САД е пренасочување на испораките од Азија кон Европа, со што Русија во целост ќе стане непотребна за европскиот пазар. Во целата оваа операција се очекува да се вклучи и Австралија која е една од водечките светски производители на течен природен гас (LNG) и е подготвена да го зголеми својот извоз во европските земји.

Министерот за трговија Ден Техан во соопштение рече дека Австралија е „подготвена да ги поддржи своите пријатели и сојузници во сегашното предизвикувачко и сложено, геостратешко опкружување“.

Австралија, САД и Катар заедно обезбедуваат околу 50 отсто од светскиот природен гас испорачан со бродови, додека она што Русија го обезбедува е преку гасоводи.

Втората голема акција на САД е поврзана со извозот кон Русија. САД подготвуваат ограничувања за извозот во Русија на високотехнолошки софтвер и хардвер произведени од САД и нивните сојузници. Со тоа може слободно да се прогласат за мртви амбициите на Русија на полето на авијацијата, одбраната, ласерите и чувствителноста, поморската технологија, вештачката интелигенција и квантните компјутери. Тоа е удар ист како со бомба да го погодиш центарот на руската воена моќ. Без тој софтвер, Русија за само неколку години технолошки толку ќе заостане, што целосно ќе ја изгуби и воената конкурентна моќ.

Третата мерка која ја најави американскиот претседател Џо Бајден е дека ќе размисли за воведување лични санкции кон самиот руски претседател, Владимир Путин и неговото мафијашко опкружување. Се знае дека најбогат човек на планетата Земја е Путин. Неговите пари се во западните банки, кои доколку го замрзнат неговото богатство, Путин ќе остане без главното оружје за одржување на неговиот режим во Русија.

Колку е исплатлива воената акција во Украина, Путин треба сериозно да се пресмета!

П.П.