ДИМИТРОВ: Јас сум искористен, а бев рок ѕвезда

Изјави

Поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ се осврна на критиките кон него, кои дојдоа откако тој не беше вклучен во новата влада на премиерот Димитар Ковачевски, по што изнесе обвинувања насочени против министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Тоа што луѓето многу малку се занимаваат со тоа што го зборував, а многу со мене, потврдува дека моите предупредувања и стравување во однос на маката со Бугарија се оправдани. Кога удирате по човекот што го зборува, а игнорирате што се зборува е проблем,“ вели Димитров.

Според него, оркестрираните напади биле диригирани од еден или два партиски центри. Ама горниот ќе им плати.

„Луѓето кои што ме носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто“, додава поранешниот вицепремиер, кој се чувствува искористено, но очигледно не може да ја прежали фотељата.