
РУСИЈА: Лавров ги понижи Македонија и Црна Гора
Болниот болшевички пристап во односите со помалите земји, уште една се потврди со изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Русија никако да излезе од 19ти век и да престане да сонува за сфери на влијанија и поделби на светот на мали и големи, каде ние малите земји сме заложници на интересите на големите. Но тоа за Русија е мисловна именка.
Имено, во неговиот болшевички пристап тој го коментираше членството на земјите од Балканот во НАТО. По Бугарија и Романија, го прокоментира и членството на Македонија во НАТО, во одговорите на прашањата на програмата „Неделно време“ на државната руска телевизија „Првиот канал“. На поставеното прашање во врска со проширувањето на НАТО со нови земји-членки и за тоа дали е можност да се зборува за глобален пресврт со нова конфронтација или всушност линијата на Вашингтон не била премногу променета и никогаш не било предвидено пријателство, рускиот министер Лавров одговара:
„Сега најпопуларна тема е дали членките на НАТО (и земјите што сакаат да им се приклучат) имаат право да носат соодветни одлуки без да прашуваат некој друг во евроатлантскиот регион. Во реномирани американски научни списанија се појавија низа написи, во врска со, меѓу другото, и овој аспект. Еден од авторите наведува чл. 10 од Вашингтонскиот договор за основање на Северноатлантската алијанса. Во него се вели: Земјите-членки на НАТО можат да поканат (или не поканат) која било европска земја што не е членка која ги почитува принципите на овој Договор и може да придонесе за зајакнување на безбедноста на алијансата.
Еве за што се работи. Нивното право не е само „кого сакам, го поканувам“ – тие треба да видат колку ова додава сигурност на самиот сојуз. Примија земји како Црна Гора и Македонија. Американските автори се прашуваат: како ова ја зајакна безбедноста на НАТО? Каков придонес даваат овие земји за безбедноста на блокот, со оглед на нивните воени и воено-технички ресурси“.
Ваквата изјава на Сергеј Лавров е објавена на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи, а денеска е ре-објавена на македонски јазик на Фејсбук и од Руската амбасада во Скопје. Тој со ова длабоко ги поттцени и понижи двете балкански земји, кои немали никаква улога во силата на НАТО. Ако е тоа така, тогаш зошто Русија е загрижена за нашето членство во НАТО и зошто се занимава со нас? Крајно понижувачко болшевичко однесување.