СКАНДАЛ: Државниот секретар Дражо под истрага на ОЈО, изјава Јовески

АНАЛИЗА

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески информираше дека е започната истражна постапка за криминал на државен секретар во едно од министерствата во земјава.

Тој посочува дека повеќепати истакнал дека за разлика од поранешниот период сега во јавното обвинителство има отворени предмети за носители на актуелната власт.

– Тука би спомнал дека обвинителството има отворено предмет за висок функционер во Владата, има за државен секретар во едно од министерствата, потоа има за обвинители, судии и според тоа моја оценка е дека обвинителството не постапува селективно, туку се држи до рамките на законот и неселективната правда. Од друга страна исто така сакам да истакнам дека обвинителството има отворено повеќе предмети по службена должност, или како што вели јавноста по допрен глас, истакнува јавниот обвинител Јовески.

Дали станува збор за државниот секретар Дражо Николиќ во Министерството за одбрана за кој МКДенес објави корупциска афера за дирекна злоупотреба на пари од државниот буџет.

Целосно аферата е објавена на следниов линк:

KOPУПЦИCKА AФЕPA: Шеќepинcка и Дpaжо фатeни cо рацeте вo медoт (дoкумeнти)