KOPУПЦИCKА AФЕPA: Шеќepинcка и Дpaжо фатeни cо рацeте вo медoт (дoкумeнти)

АНАЛИЗА

Во текот на последните месеци до нас како медиум по електронски пат пристигнаа низа материјали од криминалното работење на различни министерства и агенции, како за министерката Шеќеринска и нејзиниот државен секретар Дражо Николиќ во делот на јавните набавки. Со оглед на обемноста на истите и вредноста на секој поединечен предмет, МКДенес ќе направи селекција за публикување само на некласифицирани предмети и оние кои не го загрозуваат дигнитетот и угледот на почитуваната Армија на Република Македонија!

Однапред се извинуваме што нема да ги публикуваме сите предмети, истите можете да ги доставите на други медиуми, доколку сметате за потребно. Без разлика што тие се премногу значајни за објективно информирање на јавноста, сепак државните интереси се пред некои дејствија на криминалци во високите државни функции.

КОРУПЦИСКА АФЕРА: Шеќеринска и Дражо фатени со рацете во медот

Забеганоста на функционерите од власта одела до степен да си измислуваат јавни набавки и потреби за услуги, притоа да си формираат фирми за истата дејност на име на школски или маалски другари и другарки и за разни елаборати за „наводни услуги“ да си „земаат“ од Буџетот на Република Македонија, милиони и милиони неброени народни пари. Таков е примерот со јавната набавка во Министерство за одбрана, Постапка бр. 07747/2021 спроведена по овластување на министер Радмила Шеќеринска до државен секретар Дражо Николиќ.

Интересно е да се напомене дека ваквиот начин на еклатантно крадење на народни пари од државната каса им се допаднало на шефовите во Министерството за одбрана, па не еднаш, туку два пати си направиле иста набавка, за истата работа и си земале дупло милиони од сметката на министерството.

Фирмата Аквасеив ДОО Скопје, сопственост на лицето Бојан Ристовски, школскиот другар и најблизок пријател на Дражо Николиќ, се пријавувал и редовно без конкуренција си добивал тендери на кој случајно на државниот секретар Дражо Николиќ му текнало да набавува, замилете што:

  • Мерење на потрошувачка на вода низ три објекти на АРМ (си има водомери и тоа АРМ редовно си го контролира);
  • Мерење на моментален проток и притисок на водата (од ова се покачил притисокот на офицерите на АРМ);
  • Откривање на место каде има дефект (ова на памет го знае секој војник на АРМ);
  • Трасирање на металната водоводна мрежа (ова го има во подземниот катастар на АРМ од време на ЈНА во детали);
  • Трасирање на неметална водоводна мрежа (ова го има АРМ во подземен катастар во детали);
  • Испитување на место на дефект (демек да погледнат каде тече водата);
  • Пронаоѓање на затрпан капак на шахта (не кажува дали треба и да го одтрпа да не се намачи изведувачот);
  • Предлог решение како да се трошело помалку вода, особено во ВЦата на АРМ (замислете кој безобразлук);
  • Извештај што направиле во овој претежок проект (ова го надминува и Хичко);

За премногу да не се измачува другарот изведувач на секретарот Дражо Николиќ, работата требало да трае само неколку недели, и тоа на само неколку објекти на АРМ како Генералштаб во центар на Скопје, Криволак и Пепелиште само на некои објекти и касарната А.Д. Бауман во Велес. За истото ставиле и ограничени количини, кои замислете, на крај на овој прекомплициран проект, се исполниле до еден грам, до едно парче, за другарите Бојан и Дражо да си ги наплатат 100% од договорената вредност на Договорот бр. 19/1-103/1 од 06.07.2021 година.

Двајцата другари, Бојан и Дражо, овластен од Шеќеринска, имале што да си честитаат. За оваа претешка работа си поделиле замислете 3.530.465,60 милиони денари само во вториот тендер!!! Дупло и во првиот тендер за иста работа!!!

За да биде скандалот поголем, со наредба по член 5 од истиот договор, Дражо Николиќ ја задолжуваа АРМ и службите за недвижности во Министерство за одбрана на фирмата на неговиот другар детално да му достават сите документи, сметки, подземни катастри, во најмала рака да ја завршат целата работа за него, а тој само да срочи еден елаборат и да наплати милиони. Дури наредбата бара да му се овозможат и исполнат сите желби на фирмата изведувач за да можела несметано да ја заврши оваа претешка работа.

Фирмата имала претешка задача да обезбеди дури едно лице со завршена обука за безбедност при работа за да нема повредени на терен при извршување на овој комплициран проект на читање на водомери. На фирмата и се ветува анекс на договорот, доколку се случи нешто непредвидено на терен, на пример некое ВЦ да биде заклучено од страна на „безобразните војници и офицери“ на АРМ.

АВАНСНО ПЛАЌАЊЕ, е дополнителниот скандал на оваа корупциска дејност на функционерите од Министерство за одбрана. Може да замислите дека во рамки на договорот, за да започне со работа, на фирмата на другарот на Дражо Николиќ и се доделува аванс, плаќање од напред, без да изврши ниту една услуга, и тоа 20% од вредноста на договорот!!!

Платено е по фактура бр. 01/07/2021 од 02.07.2021 година, и тоа замислете пред да се потпише или да се достави Договорот на стручните служби на 06.07.2021 година. Зошто толку им се брзало на Шеќеринска и Николиќ, да платат аванс пред законски рок и без можност тоа да го контролираат стручните служби во Министерството за одбрана?

ПЕНАЛИ за незавршена работа од страна на фирмата во висина од 2 промили или најмногу 5% од вредноста на набавката, ако нешто му се случи на фирмата на другарот од државниот секретар.

При извршување на предметот на јавната набавка, во техничката спецификација се ставени опис и количини на предметните услуги. На големо изненадување на сите нас, фирмата на другарот на Дражо Николиќ, овластен од Радмила Шеќеринска, ги исполнила сите 100% количини и ги наплатила сите 100% пари од вредноста на договорот. Тоа значи дека на терен пронашле точно 15 затрпани шахти, точно 2900м метална цевка, 2400м неметална цевка, 11800м цевки со микрофон, точно 42 парчиња дефекти или места на дефект, точно 14 места со водомери… како овој Дражо Николиќ да бил видовит кога ја подговтвувал јавната набавка и однапред знаел каде е маката со водата во АРМ! Ако однапред знаел, тогаш за што му била фирмата на другар му Бојан да му го констатира тоа што го знаел и јакиот државен секретар? Или сакал да си го наплати вонредното знаење?

Во Министерството за одбрана се поставува прашањето, дали имаат видовит државен секретар и дали е лично реинкарнација на Пророчица Клеопатра од Београду, неговиот омилен центар за консултации? Дали и Шеќеринска била видовита кога го назначувала или овластувала овој државен секретар?

Спецификациите за јавните набавки во Министерство за одбрана обично ги подготвуваат и потпишуваа исклучително стручни лица и инженери со овластувања. Во овој случај, судбината во свои раце ја презел државниот секретар Дражо Николиќ, отргнувајќи ги професионалците од предметот, па лично ја потпишал истата.

Откако наводно фирмата започнала да дејствува, а припадниците на АРМ и стручните лица од Министерство за одбрана ја завршиле работата наместо изведувачот, кој се прошетал манекенски со еден вработен по дури трите објекти на АРМ од кои еден во центар Скопје, а друг во Велес, следувала постапката за наплата.

На 13.12.2021 година фирмата на другарот на Дражо Николиќ доставила Испратница бр.7/21, дека наводно работата е завршена и прочитани се водомерите и плус составен е елаборат со прилог сметки за вода. Замислете оваа фирма за цела година има само 7 испратници, што говори за кредибилитетот и стручноста на ангажманот во одбрана.

На тоа следувало Фактура бр.10/12/2021 (што значи за цела година имал само 10 фактури – измислена фирма) со која верувале или не, се наплатени точно 3.432.242,00 милиони денари, или колку што си се договориле на почеток, наводно со визионерски предвидени количини.

НАПОМЕНА: Истата набавка двапати се повторува и истата наплата е направена во два наврати, според информациите од Комисијата за јавни набавки во Министерство за одбрана!

МКДенес располага со потребната документација, но целосно нема да биде публикувана од разбирливи причини. Повикуваме ОЈО и другите надлежни институции да преземат итна истрага за корупција во Министерство за одбрана во која се замешани лицата Радмила Шеќеринска и Дражо Николиќ.

One thought on “KOPУПЦИCKА AФЕPA: Шеќepинcка и Дpaжо фатeни cо рацeте вo медoт (дoкумeнти)

Comments are closed.