
БОГОЈЕСКИ до Петков: Другар, ве читам како буквар
Богојески реагира на последните изјави на бугарскиот премиер Петков, особено по објавата на „Новиот договор“ помеѓу Македонија и Бугарија.
„Другар, ве читам како буквар. Нема потреба од ваква глума и флоскули. ДА за објективизација на историјата, НЕ за божидаризација, за која сонуваат шовинистите од Бугарија. Кирил, нема потреба да бидеш и ти како нив! Огледај се на Борисов каде заврши со тој шовинистички пристап! Не ги повторувај истите грешки!“ – стои во реакцијата на Богојески.
Предходно Петков изјави дека историјата е важна, но имале време 15 години да ја наметнат нивната вистина, а ако не сме прифателе има можности за ново вето. Односно најави можност Бугарија да не малтретира следните 15 годни по истите прашања како Захариева и Каракачанов.
„Ни треба итно решение, да не се повтори грчката парализа. Јас давам полна поддршка за ново решение, за нов договор, но не ваков како што сте започнале да наметнувате. Откажете се веќе еднаш од таа смешна ребугаризација од 19ти век. Тоа нема да помине, јас тоа ви го гарантирам. Ќе направите услуга само на една трета земја, а ќе ги раскарате Македонија и Бугарија засекогаш.“ – истакнува Богојески.