ПЕТКОВ го потврди „новиот договор“, има 15 години за ребугаризација

Балкан

Со јасна и недвосмислена изјава, премиерот Кирил Петков го потврди објавениот „Нов договор“ со Бугарија, во кој јасно е кажано дека во моментов ќе се направат низа напори за Македонија формално да отпочне преговори со ЕУ по висока цена на националните интереси. Потоа Бугарија има 15 години да ги спроведе своите политики на ребугаризација или да стави повторно вето за влез во ЕУ. Тогаш се поставува прашањето, зошто ни се такви преговори, ако не е договорено да немаме нови уцени за влез во ЕУ?

„Сепак, историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира“, изјави премиерот.

„Да ја оставиме Македонија на патот кон Европа, не значи да ја пуштиме да замине во Европа. Има околу 15 години од оваа до втората точка. Ако го направиме процесот на откривање и развивање на историската вистина, имаме период од 15 години во кој можеме да работиме. Мора да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата“, објасни премиерот, објави „БНР“.