
САД останаа на збор, нова пратка оружје за Украина
САД испорачаа уште еден контингент муниција од различен калибар во Украина, изјави вечерва украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.
„И четвртата птица сега донесе 81 тон муниција од различен калибар во Украина. Следната недела чекаме нови американски авиони со воено-техничка помош за да ги зајакнеме одбранбените капацитети на Украина“, напиша Резников на Твитер, пренесува Танјуг.
Според извештаите на медиумите, САД планираат да испратат нови 200 милиони долари воена помош за Украина, која вклучува муниција, противтенковско оружје и пушки.