ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 9 лица поради труење

Хроника

Седум лица се хоспитализирани и се во критична состојба откако биле отруени со јаглерод моноксид во хотел во градот Мерисвил, Охајо, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно девет лица се пренесени во болница, а шефот на спасувачката служба Мерисвил, Џеј Рајли за локалните весници изјавил дека изворот на јаглерод моноксид не е познат, но познато е дека сите хоспитализирани биле во делот на хотелот каде се наоѓа базенот.

Тој рече дека меѓу затруените има и деца и возрасни.

Набрзо по инцидентот хотелот бил евакуиран, а покрај лицата кои биле хоспитализирани, помош на лице место добиле и двајца, додека потоа помош побарале уште пет, па последиците од труењето ги почувствувале вкупно 16 лица.

Градот Мерисвил се наоѓа на 50 километри северно од Колумбос.