СИНДРОМСКО ДОБРО УТРО од Аматерката

Uncategorized, Добро утро

МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ НА САМОУНИШТУВАЊЕ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкyлтeт

Среде економска, енергетска и здравствена криза, наместо да бараме катадневно решенија и одговорност од властите за моменталната состојба во која се наоѓаме, 99% од медиумскиот простор дозволуваме да биде оптоварен со бугарите во македонскиот Устав „за“ или „против“!

Македонскиов народ  никако да разбере дека  историските рани намерно се држат отворени за политичка ќар. На истиот начин владеат нашиве политичари со години. Претходните на сметка на македонски-грчки спор, сегашниве на сметка на македонски-бугарски спор, понатаму ќе видиме…

Различните ставови на политичарите  по одредени прашања кај народот го создадоа синдромот на самоуништување. Верувајќи на едните или на другите граѓаните завземаат „страна“ на припадност и гласно ги пренесуваат ставовите од  своите лидери. Некои свесно бидејќи имаат определена ќар, а некои несвесно. Обединување никако не им одговара на политичките чинители.

Синдромот на самоуништување навлегол длабоко во нашите пори, не глода, не јаде и не знам со каков лек да се бориме, кој против отров да го земеме бидејќи постои опасност да ни се отруе душата. Едно треба да разбереме-кога другите те негираат ТИ треба да се сплотиш СО ТВОИТЕ, да се зацврстиш и камено да стоиш за да мошеж да ја одбраниш сосптвената самобитност, култура и држава. Затоа не го обезвреднувај сопственото, бидејќи со сопствен камен по глава се удираш. Чувај го создаденото како зеница во окото бидејќи тоа е доказ за твоето битисување, постоење и опстојување.

Станува збор за отсуство на демократска свест, која често налага, пред потенцијалната опасност за нашата држава и народите во неа, политичките опоненти да постигнат единство. Кога сме немале сопствена држава, вината сме можеле да ја префрламе на други, на врховисти, на србомани, на Турци или на кој веќе не.

Сега, кога имаме своја држава и кога самите го градиме својот политички систем, продолжуваме да се обвинуваме меѓу себе.

Ситуацијата не е непозната во политичките системи на многу држави. Примерите кажуваат дека исто како што партии и политичари ги воделе своите држави во мир и просперитет, ги воделе и во кризи, па и во пропаст. И нам може да ни се случи или едното или другото.