
ОПАСНО: Николче и Бујарче пак се затепаа, каде е учителот
Кога стана јасно дека повеќе нема да биде министер, поранешниот министер за евроинтеграции, Никола Димитров, објави статус на својот профил на социјалните мрежи, во кој нагласи дека не му верува на Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека има искрени намери во решавањето на спорот со Бугарија.
Потоа тој ја искритикува и Владата, а по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје, дека го спинува решавањето на спорот со „добрата волја Бугарија да го прифати краткото име“. Ова поранешниот министер за надворешни работи го нарекува „салама“ тактика.
„Вчера сами јавно признаа дека го смениле пристапот и стратегијата кон Бугарија, што прво ги урива хистеричните напади за мене и тврдењата дека сме немале внатре разлики, а второ го разобличува и обидот за евтин спин дека нешто Софија отстапила (спин што добро го препознаа и некои наши медиуми).
Додека бев внатре го држев другиот пристап – ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања – како што јавно кажа мојот наследник вчера.
Вториот ден без мене пристапот и суштината се смени во “салама” тактика“, пишува Димитров.
Според него, Владата го претставува како успех прифаќањето на „краткото име“ од страна на Бугарија во преговорите за деблокадата, но според Никола Димитров реално тоа не е така.
„Велат дека сега со новиот пристап сме имале резултати веднаш – Софија “прифатила” да го користи краткото име, нешто што само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.
За ова неосновано барање да биде прифатено ние пративме нота до ОН што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи било каква отстапка.
Да се разбереме, никој никогаш не спорел дека ваков пристап би дал резултати – АМА во корист на другата страна. Ако овој нов пристап се развива и кулминира, никој не спори и дека решение е можно, претпоставувате какво.
Повеќе за суштинската штета со нотата до ОН, каде атрибутите на државата се затворени, во следниот јавен настап“ – дополни тогаш Димитров.
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изјави дека не сака да влегува во дискусија со екс министерот Никола Димитров и да одговори на неговите напади. Вели дека јавноста кажала доволно.
„Ќе беше изненадување тајмингот да не беше тој. Откако ќе видите дека не сте на списокот, тајмингот е погрешен. Ќе се воздржам од коментари, само можам да му посакам успех во понатамошната работа. Османи со ова сака да каже дека откако Димитров не се виде на списокот на новите министри, наеднаш започна да не му чинат работите во Владата.
За решавање на овие спорови, можеби за првпат, политичарите Македонци и Албанци зборувааа во ист тон. Тоа е многу важно. Ние со Димитров не сме имале суштински разлики во процесот, само во работната дисциплина“, рече Османи. Со ова Бујар го обвини Никола дека немал работна дисциплина, бил размазан и неодговорен, се опуштал во службата, па Бујар не можел да го трпи.
Дали Никола сега ќе му возврати на Бујар со неговорот ДУИ воспитание?