ПАВЛЕ им се закани на ВМРО ДПМНЕ, дали е соучесник во криминалот

Политика

Расправијата меѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Демократскиот сојуз продолжи, но отвори една дилема, што сокрива Павле Трајанов за ВМРО ДПМНЕ, а го поседува? Дали тој сокрива докази за криминал, а ги користи за уцени и политички пазари?

-Демократскиот сојуз признава дека постојат списоци на функционери кои не плаќале паркинг, ама се уште се обидува да биде брана за СДСМ/ДУИ. Она што го претставуваа за паушално од вчера има и потврда од нив самите дека овие списоци се вистинити и дека постојат.

Демократскиот сојуз треба да излезе и јавно да каже дали членовите на претседателството на партијата обезбедувале бесплатни услуги за функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ, Демократската Унија за Интеграции и останатите пратии на власт?

Зошто зад името на директорот и неговиот заменик, високи партиски функционери на Демократскиот сојуз Кроневски и Јакимовски, како и на Славчо Јакимовски стојат имињата на шефот на кабинет на Ковачевски, Мартин Попов, како и на табличката на неговиот автомобил Голф 6, името на Миле Зечевиќ и неговото возило, стои името на Душко Весковски од Водовод, или на Златко Марин или секретарот на СДСМ во Аеродром?

Демократскиот сојуз треба да каже дали е точно дека цела една катна гаража функционирала на грбот на граѓаните за да може функционери од СДСМ, Демократската Унија за Интеграции, Демократскиот сојуз и останатите од власта и нивни семејства да паркираат бесплатно приватни возила?

Демократскиот сојуз треба да признаат дали имале притисоци од СДСМ и од коалициските парнтери за да нивни функционери да паркираат бесплатно било каде во Скопје или сето тоабило врз база на трговија со влијанија?

Без прецизен одговор, Демократскиот сојуз продолжува да биде привезок на власта и заштитник на криминалот и корупцијата на штета на граѓаните.

Паркингот поскапе за сите, за да може функционери од партиите на власт да паркираат бесплатно каде ќе стигнат во Скопје. Демократскиот сојуз е дел од власта за да обезбедува бенефиции за себе и за функционери од СДСМ и Демократската Унија за Интеграции врз грбот на граѓаните, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Само луѓе со кpиминален ум може да прават монстpуозни конструкции и да обвинуваат без ниту еден факт и доказ дека некој правел злоупотреби и кpиминал.

Членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се конструктори на ексел табели со вградување на лажни податоци или злоупотреба на податоци од редовната активност на компанијата.

Ја информираме јавноста дека, никој од Демократскиот сојуз не бил корисник на повластени карти за паркирање, ниту пак на било кој начин Демократскиот сојуз посредувал или влијаел некој да биде повластен при користење на паркинг место.

Лицата кои ги спомнува ВМРО-ДПМНЕ, oд ДС, како повластени, сите се вработени во ЈП Паркинзи и имаат бесплатен паркинг, како што тоа е и сега со одлука на новиот директор поставен од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку во ЈП Паркинзи се вработени над 270 лица претпријатието има законска обврска голем дел на возила да ги ослободува од плаќање на паркинг, кои исто така се злоуптребени.

Демократскиот сојуз никогаш досега не го оштетил Буџетот на РСМ и тие обвинувања се несериозни и злонамерни.

Нема да ви поминат лагите, поготово што, кога бевте на власт, најмногу привилегии имавте обезбедено за вас, за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, преку вашите инсталации и тоа на криминален начин, но тие податоци и имиња ги сокривате.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Градот Скопје, за 500 денари овозможуваше паркирање за советници во Град Скопје и други лица, а оваа одлука СДСМ ја промени, при што цената ја зголеми на 10.000 денари.

Со вакви конструкции многумина завршија во затвор, ете затоа бараме повторување на постапката за монтираните политичко-судски процеси, за никогаш да не се повтори истото.

Демократскиот сојуз нема понатаму да учествува во ова лукративна драмолетка, одговорија преку соопштение од Демократскиот сојуз.

Инаку лидерот на ДС, Павле Трајанов, ваквите наводи на ВМРО-ДПМНЕ, ги оцени како инсинуации, конструирани од точни, полуточни и неточни информации.

Истовремено, Трајанов ги запраша ВМРО-ДПМНЕ, дали сакаат и тие да почнат со такви инсинуации, бидедејќи, како што рече Трајанов, и ние имаме и располагаме со многу информации за членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Тука веќе јавноста го прашува Павле Трајанов, дали тој и неговаата партија поседуваат докази за криминал, а ги сокриваат со цел да вршат политички пазари и уцени? Дали Павле знае дека со тоа станува соучесник во истиот тој криминал за кој јавно тврди дека има информации и докази?