
ГЕРМАНИЈА и се закани на Русија, скапо ќе платат за Украина
„Секој понатамошен агресивен чин ќе има висока цена за Русија, економски, стратегиски и политички“, рече Баербок, која беше во посета на Киев од каде што патуваше за Москва, на заедничката прес-конференција со украинскиот колега Дмитриј Кулеб.
„Дипломатијата е единствениот начин“, рече таа.
Разговорите меѓу Москва и западните земји за руското распоредување на десетици илјади војници долж границата со Украина завршија минатата недела без напредок. Сајбер нападот врз Украина дополнително ги разгоре тензиите.
Кулеба рече дека Украина и Германија се обединети во напорите за заживување на четиристраните мировни преговори за ставање крај на војната во источна Украина во т.н. Нормандиски формат, кој ги вклучува Германија, Франција, Украина и Русија.
Исклучена од повеќето разговори минатата недела, Украина постојано бара и добива гаранции од сојузниците дека нема да се носат одлуки за нејзината иднина без нејзино учество и согласност.
„За нас сега е важно ниту Берлин ниту Париз да не носат никакви одлуки за Украина без Украина и да не играат никаква игра зад грб во односите со Русија. Тоа сега е клучно“, рече Кулеба на брифингот.
„За ова сакам да и се заблагодарам на Аналена што зазеде таков принципиелен став“, додаде тој.
Германија ја поддржува Украина со испраќање помош и дипломатска поддршка во нејзиниот конфликт со Москва откако Русија го окупира полуостровот Крим и ги поддржа сепаратистите во регионот Донбас во 2014 година.