
ТАЖНО: Откриено зошто Димитров не сакал во Вашингтон
Никола Димитров, кој е посебно горд со договорот од Преспа со Грција, заборави дека тој ист договор требаше да не внесе во ЕУ. Сега така паднат во заборав, екс министерот на Заев плачи зошто тој Заев сакал да го испрати во Вашингтон. Таму ќе му биде тешко, ќе мора да сработи за имплементација на истата таа Преспа, за која знае дека не може да се имплементира.
„Преспанскиот договор на кои работев од 2003 година е Договор што ја дефинираше Македонија географски, го потврди процесот на самоопределување на македонскиот народ и го тргна привремениот назив БЈРМ. Затоа членството во НАТО е директен резултат на Договорот од Преспа. Преспа беше можна затоа што Грција прифати кои сме и каков јазик зборуваме е само наша работа“, рече Димитров.
Димитров обвини дека партијата на власт, му понудила да замине како амбасадор на Македонија во Вашингтон, само за, како што вели, да го замолчат. Призна дека нема доверба во актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Но не кажа зошто се плаши од Вашингтон?
„Демантирам дека самиот сум се повлекол… фактот дека за моите позиции немаше простор во новата Влада не ме изненади понудата да бидам амбасадор во Вашингтон. Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома туку ќе ми го врзеше зборот. Токму овој обид да ме тргнат од дома го прави мојот обид да останам уште поголем. Јас ветувам дека ќе продолжам да се борам против било кое лошо решение, а ќе поддржам европско и добро решение“, рече Димитров.
Дали Димитров тагува што не ќе може да одработи за Србија и за Отворен Балкан во Вашингтон, каде приоритет е имплементација на Преспа? Дали е свесен дека целосно ја промаши работата со Преспа и не е во можност да испорача резултат, па сега глуми жртва на власта и лошата Бугарија или е посебно мотивиран да ја замени Преспа со Отворен Балкан и Србија?
Дали доколку му предложеа амбасадорско столче во Белград, радо ќе го прифатеше? И ќе ги донесеше преку Белград „милионите“ што ги чекал од Европа?
Димитров вели дека Секретаријатот под негова палка направил големи чекори, меѓу кои ги спомена ажурирање на Националната програма на правото на ЕУ, европско законодавство на македонски јазик, како и 240 милиони евра во проекти за кои Брисел допрва ќе објави. Дали тие 240 милиони му го поматија разумот, па подзаборавил што говореше кога ја потпишуваше истата таа Преспа?