Крстот во Охрид го фати Мартин Гоџо

РЕЛИГИЈА

Мартин Гоџо го фати крстот кој денеска беше положен во водите на Охридското Езеро.

Тој беше најсреќен меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на Охридското Езеро, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски Тимотеј.