
ТЕНЗИЧНО: Русија ја евакуира амбасадата во Украина
Русија евакуирала 18 лица, главно жени и деца, од својата амбасада во Киев уште на 5 јануари, а дополнителни 30 лица заминале две недели подоцна од двата други конзулати во Одеса и Харков, тврди ЊујоркТајмс, повикувајќи се на извори од Украина. Ова наликува на првото нешто кое една земја би го направила пред да влезе во војна, коментираат експертите.
Овие обвинувања доаѓаат во време кога западните земји предупредуваат дека Москва трупа војска на границата со Украина, со намера да ја нападне земјата во наредните недели и месеци – намера која Кремљ постојано ја отфрла во јавноста.
Минатата недела, Си-Ен-Ен тврдеше дека „група оперативци“ обучени за урбана војна и употреба на експлозиви биле испратени да „извршат акти на саботажа против сопствените сили на Русија“ за да создадат изговор за воена интервенција во Украина. Со други зборови, Русија може самата да се нападне себеси, за да има оправдување за идната окупација.
– Русија ги поставува основите за да има можност да создаде изговор за окупација, вклучително и преку диверзантски активности и информативни операции, обвинувајќи ја Украина дека подготвува неизбежен напад против руските сили во источна Украина – неодамна изјави Џејк Салива, американскиот советник за национална безбедност.