ПОЛАГАЊЕТО НА КРСТОТ ВО ВАРДАР согласно мерките и препораките од Влада

РЕЛИГИЈА

Годинава тоа се случува со еден таков избор само за да се задржи форматот и да се изврши обичајот. Ако имаше пријавувања тоа ќе значеше дека може да се пријават 50, 60 луѓе кои сепак ќе дојдат со придружници, а тоа е голем број, заради тоа се одлучивме на овој начин, да го задржиме обичајот, никого да не фаворизираме, но да одбереме луѓе кои се физички подготвени со спортски дух, вели отец Бобан Митевски.

Денеска е Богојавление или Водици, празник во кој православните христијани го одбележуваат божјото спасение или божјото привидение за спас на луѓето. Овој празник и изминатата година ќе се одбележува во услови на пандемија, но за разлика од лани, овојпат крстот ќе биде положен во осветените води, а бројот на луѓе кои ќе може да влезат во водите ќе биде ограничен.

Отец Бобан Митевски вели дека согласно мерките и препораките, во реката Вардар ќе влезат околу 10 лица кои претходно имале учествувано, односно лица физички подготвени.

– Годинава поради полабави мерки настанот ќе се организира, но со придржување до препораките коишто важат од здравствените власти, зборувам за Скопје. Годинава сепак ќе го има, но во согласност со мерките и препораките при што не е организациски објавено. Ние тоа го направивме брифирајќи, оние коишто би сакале да влезат во осветените води на реката Вардар и биравме од оние кои досега веќе го правеле тоа или луѓе коишто знаеме дека се подготвени физички и кои сериозни во пристапувањето кон овој чин. Годинава тоа се случува со еден таков избор само за да се задржи форматот и да се изврши обичајот. Ако имаше пријавувања тоа ќе значеше дека може да се пријават 50, 60 луѓе кои сепак ќе дојдат со придружници, а тоа е голем број, заради тоа се одлучивме на овој начин, да го задржиме обичајот, никого да не фаворизираме, но да одбереме луѓе физички подготвени со спортски дух – вели отецот.

Не се вели фрлање, туку полагање на крстот

Додадава дека терминот „фрлање на крстот“ често се користи, но всушност не е точен, бидејќи не соодветствува со самиот чин, затоа отецот порачува да се користат термините „Полагање на светиот крст“ или пак „Спуштање на крстот“.

– Тоа и некако го доловува настанот сето ова настанало, имено кога водите ќе се осветувале некаде, бреговите на езерата на морињата на реките биле високи, па не можел свештеникот да слезе во самите води тогаш тој го врзувал крстот со конопче или со јаже, и бидејќи крстот треба да се потопи во водата при чинот на осветувањето тогаш се спуштал крстот, и потоа влечејќи го свештеникот го враќал назад повторувајќи го тоа три пати. Тогаш верниот народ кој присуствувал на самиот чин рекол зошто сами вие да си го повлекувате крстот ние ќе влеземе во осветените води, ќе го земаме крстот и ќе му го враќаме на свештеникот односно на оној кој ја осветува водата. Овој настан се случил во Константинопол кај константинополскиот патријарх на водите на Босфорот и од тогаш бил прифатен некој вид на чин кој сепак треба да го изразува благочестието – истакнува отец Бобан.
На овој ден, според христијанското предание Св. Јован Крстител“ го крстил Исус Христос во реката Јордан.

– Имено Христос се крштева во реките на Јордан, кога излегува Светиот дух и во вид на гулаб слетува врз Него, а од небото се објавува гласот на отецот којшто вели, „Ова е мојот возљубен Син врз кого е мојата волја“. На тој начин нам ни се дава сведоштво или ни се објавува света тројца, Бог којшто постои во тројца во Отецот, Синот и Светиот дух, тоа значи дека Исус е промазаникот затоа што Светиот дух слегува врз него, а Отецот потврдува врз кого е неговата волја, објаснува отец Бобан.

Напомена дека на овој ден се мрси, иако се паѓа во среда, појаснува дека тоа е така затоа што никогаш за Господови празници кои паѓаат надвор од посниот период не се пости.

Воедно порача до сите оние кои влегуваат во водата тоа да го прават заради благослов, а никако заради награди.

– Единствено нешто кое може да го добиеме е благословот божји и да му го враќаат крстот на свештеникот. Овој чин не подразбира натпреварувачки дух, туку напротив.

Би сакал да порачам дека празниците се празнуваат во црква и со присуство на богослужение и со молитва, а сето друго може да биде само составен дел, сето друго треба да не води кон значењето на празникот, а тоа е приближувањето кон Христос и со другиот верен народ, сето тоа што не води тогаш е благочестив обичај и се придржува кон она што е примарно, а тоа е молитвата и богослужението, потенцира отецот.

Инаку, денеска во храмот во „Пресвета Богородица“ ќе има литургија со почеток од 9 , која ќе трае околу два часа, а потоа со поворка, односно литија, ќе се тргне од храмот до мостот „Слобода“ кај Холидеј ин и тука откако претходно ќе се изврши големиот богојавленски водосвет што е самиот чин на осветување на водите, крстот ќе биде спуштен во водите на реката Вардар.