Дали ќе премолчиме

Uncategorized, Македонија, Свет

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска го претстави проектот М Карта.

Наменет за граѓани со потекло од Македонија. Како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во насока на промоција на државата надвор од нејзините граници.

М Карта претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци. Од земјата кои живеат во странство. Кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на Северна Македонија во странство.

– Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин – да им вратиме. Да им ја компензираме нивната улога на промотори на земјава, претставувајќи нѐ како земја од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе. Во еден подолг минат период, голем број луѓе не само што ја имаат напуштено земјата, туку и имаат остварен посебен истакната професионален и општествен успех таму каде што се наоѓаат. Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн., кои сакаме да ги привлечеме кон земјава. Да им ја зајакнеме врската и да создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови – рече Османи денеска на прес конференција.

Идејата е таквите поединци да бидат дел од една поширока мрежа која подлабоко би била вклучена во општествените текови во државата. Целиот процес поврзан со М Картата ќе го координира Министерството за надворешни работи.

Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни настани, музеи и галерии. Би се добило предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи. Со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси и слично. Во соработка со други владини ресори, се работи на проширување на листата на погодности.

Планирано е откривањето на таквите личности да го започнат дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во странство. Доделувањето на картата ќе се реализира во строго предвидена процедура водена во рамките на Министерството за надворешни работи.

Дали тие привилегии може да се доделуваат на поединци, што е спротивно на Устав на РМ. Зашто ставање на поединци во привилегиран статус е спротивно на Устав. Секако дека министерот Османи не е многу загрижен за Уставот на Македонија. Но дали треба да му дозволиме да го прегази?