ЕРДОГАН ги нападна Курдите да дефокусира од инфлацијата (видео)

Свет

Турските сили неутрализираа тројца бунтовници во северните делови на Ирак и Сирија, лажно пренесува Агенција Анадолија. Во суштина станува збор за измислена акција ја турската армија со цел да се сврти вниманието на домашната јавност од огромната инфлација и девалвација на националната валута лирата.

Информацијата за напад врз Курдите преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција. Во соопштението се вели дека ефективно и решително продолжува борбата против тероризмот.

Според соопштеното, терористите неутрализирани во Ирак се припадници на терористичката организација ПКК, а терористот неутрализиран во Сирија е припадник на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

„Неутрализирани се двајца терористи на ПКК во зоната каде што беше реализирана операцијата Канџа-Молња во северниот дел на Ирак, и еден терорист на ПКК/ЈПГ кој изврши обид за напад во зоната каде што беше реализирана операцијата Извор на мирот (во северниот дел на Сирија)“, се нагласува во ова соопштение.