ВPEMETО cе влошyва, оваа состojба не очекyва

Времето денес

Периодот кој следува времето ќе се влошува особено во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УXMР.

Очекувани се пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови (и во Полог и Пелагонија). Повремени врнежи од снег ќе има и во делови од Скопската Котлина.

Ќе почне да дува умерен северен ветер кој во вторник и во среда ќе биде засилен.

Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, на места и под -10 степени, а и дневните на места ќе останат негативни.

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има и повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 5 степени.