МЕХМЕД АЛИ соседот на Ноле: Готов е, вчера ќе го каснеше бубашваба

Забава

Мехди Али е еден од мигрантите сместени во хотелот во Мелбурн, кој стана светски познат откако во него заврши Новак Ѓоковиќ како миграциски проблем, откако не му беше дозволено да влезе во Австралија за настапот на првиот годинешен гренслем турнир Австралија Опен.

Ситуацијата со Ѓоковиќ, кој заврши во „имиграциски притвор“ до пресуда на жалбата да му биде укината визата и да биде депортиран поради неисполнување на услови за влез се влошува, изјави неговиот сосед Али.

Али изјави дека е жално и тажно, во овој кафез сум девет години, животот ми помина тука, а денеска наполнив 24 години, а вие ме прашувате како е Новак Ѓоковиќ. Ми се јавувате божем ќе правите приказна за мене, а второто прашање е – како е Ноле?, пишува Али. А таа буда помислил дека некој се интересира за него? Која будала!

Тој е мигрант од Иран, кој тргнал да бара подобар живот како прогонет припадник на арапското малцинство Ахвази, а од Џакарта на 15 години стигнал во Австралија, а после сага околу неговиот притвор, минувајќи најразлични „мигрантски кампови“, сега е жител во хотелот во кој го сместија и Ѓоковиќ.

Пред хотелот откако српската тениска суперѕвезда заврши во изолација не запираат протестите на српската емиграција во Австралија, додека властите упорно се обидуваат да ѝ објаснат на јавноста дека Австралија не го третира Ѓоковиќ ни како мигрант, ни како криминалец, ниту како заложник и дека Србинот ако сака уште денеска може да си оди. Ама Србинот глуми лудило!

Мехмед Али загрижен за загриженоста на медиумите за Ноле, изјави: Готов е, вчера ќе го каснеше бубашваба!

За понеделник е закажана одлуката на жалбата на Ѓоковиќ за да не му биде дозволен влез во Австралија.