
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со македонската правда за Нолета
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Легендата оди вака…
Македонците барале правда, но молеле Бога да не ја најдат?!?
Дали може да ја демантираме оваа легенда? Секако да!
Во контекст на приказната со Новак и масовната тепачка помеѓу Македонците, кој е во право Новак или Австралија?
Секако не е во право Срџан Џоковиќ, таа интернационална сељандура, но сега за Македонците и правдата…
Едните сметаат дека се борат за правдина, за правдата за Ноле… дека е намерно сета оваа приказна со цел да го спречат да победи на Австралијанското првенство. Му биле љубоморни зашто е Србин… бља… бља… да, така и Милошевиќ им кажуваше дека целч свет им љубомори на „Срби да су најлепши“… но сепак, таа една половина Македонци убедени дека се борат за правдина!
Другите сметаат дека се борат за правдина, за закон и ред, тоа се правила на државата и сите, ама сите без исклучок и богати и сиромаси, и познати и непознати, мора да ги почитуваат! Ноле може да биде колку сака богат или познат, но пред законот сите сме еднакви! Особено во земја како Австралија, која не е банана бановина. И тие убедени дека се борат за правдина!
Ова значи дека сите Македонци се борат за правдина, само што немаат заедничка формула или исто не ја подразбираат правдината. Кога би имале дефинирано што подразбираат под зборот правда, лесно ќе се решеше и Нолета и Џолета и Тасета!
Поточно, Македонците свој леб јадат, а туѓо гајле берат!
Сепак легендата не е точна! Македонците се борат, само што за туѓа, а не за своја, правдина!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!